19 Декември, 2025
0.0425

Побегнат затвореник упаднал во стан во Скопје и ја ограбил сопственичката

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2014 13:45

Добивај вести на Viber

СВР-Скопје, Отсек за разбојништва, поднесе екривична пријава против лицето Џ.Ј. (56) осомничен дека сторил кривично дело „разбојништво“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 5.000 денари. Пријавениот на 22.11.2013 година, околу 07,20 часот во стан на бул. „Партизански Одреди“ во Скопје, врз лицето Б.Р., со закана со нож и со употреба на физичка сила извршил кривично дело „разбојништво“ при што и одземал 5.000 денари. Џ.Ј. дошол до станот каде што живее оштетената во моментот додека била сама дома. Заѕвонил на влезната врата и откако оштетената ја отворила вратата, се претставил како пријател на нејзиниот сопруг Б.С., на кој наводно му се слошило и го однел во болница, па затоа побарал здраствена книшка од Б.С. и пари. Откако оштетената влегла внатре во ходникот од станот, по неа влегол и  Џ.Ј., од јакната извадил нож и заканувајќи се и побарал пари. Оштетената не ги дала парите, поради што Џ.Ј. употребил физичка сила и успеал да и ги одземе парите. Во текот на вршењето на кривичното дело, на пријавениот Џ.Ј. му испаднал еден црн машки паричник во кој имало лични предмети. Од страна на увидна екипа од СВР Скопје на местото на настанот е извршен увид, со фотодокументација, и при истиот се пронајдени две хартии од весник, во кои бил завиткан ножот, еден паричник, и истите од страна на увидната екипа се подигнати и предадени во Оддел за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР. Од нивна страна е изготвена Крим-техничка обработка при што трагите се идентификувани дека потекнуваат од пријавениот Џ.Ј. Со пријавениот не е извршен разговор, бидејќи истиот не е достапен на органите на прогонот и за истиот има потерница поради бегство од КПД Затвор - Штип, за што исто така и од страна на Отсекот за разбојништва е распишан централен распис. Инаку, Џ.Ј уште како малолетник е познат сторител на кривични дела од имотни деликти, како и на кривични дела од јавните финансии, платен промет и стопанство, и против истиот се поднесени вкупно 26 кривични пријави за што му се изречени 17 казни затвор, еден малолетнички затвор, една заводска мерка-упатување во ВП дом и една мерка ослободување од казна изречена 1996 година.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза