16 Декември, 2025
0.1865

ПОБРЗАЈТЕ АКО СТЕ МЕЃУ НИВ: 15% од осигурениците во Македонија немаат здравствена картичка

Објавено во: Мои пари 26 Јуни, 2014 13:55

Добивај вести на Viber

Вкупно милион и пол здравствени картички се поделени на здравствените осигуреници во Македонија, потврди Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Според проценките на здравствените власти, ова се околу 85% од вкупниот број на осигуреници во земјава. Уште околу 225.000 здравствени картички во моментов се наоѓаат во подрачните служби и чекаат граѓаните да си ги подигнат - најголем е бројот меѓу жителите на Скопје и пензионерите. Барање за електронски здравствени картички се уште воопшто немаат поднесено 50.000 осигуреници од кои 13.000 се пензионери од Скопје. Фондот за здравствено осигурување аплеира до нив тоа да го направат во текот на летните месеци, а најдоцна до 1 септември. „Апелираме оваа категорија граѓани , посебно во Скопје, да се обратат до општинското здружение на пензионери за да им се помогне логистички околу поднесувањето документи и околу подигнувањето на електронските здравствени картички, како што тоа веќе се прави и во останатите градови низ државата“, вели Бранко Аџигогов од ФЗОМ. Во 6 града веќе има 100% покриеност со дистрибуирани и подигнати електронски здравствени картички: Свети Николе, Македонски Брод, Кратово, Валандово, Крушево и Ресен. Во 18 града  има над 90% предадени електронски здравствени картички  на осигуреници, а најлош процент имаат Тетово со 81%, Велес со  80%, како и Скопје со 71% предадени електронски здравствени картички. Електронските  здравствени картички не се само замена за сините картони, туку значат и пристап кон новите електронски услуги во здравствениот систем. Сите потребни информации во врска со електронската здравствена картичка, осигурениците може да ги добијат на бесплатниот телфонски број 080033222, а за да видат дали им е изработена картичката, може да пратат маил до Фондот на е-маил адреса info@fzo.org.mk, helpdesk@fzo.org.mkили самите да проверат на веб страната на Фондот, во делот мое осигурување https://moeosiguruvanje.fzo.org.mk/

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави