16 Декември, 2025
0.0541

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ХИРУРГИЈА И ЧОВЕКОТ ШТО ЈА ИЗВРШИ ПРВАТА ОПЕРАЦИЈА НА ОТВОРЕНО СРЦЕ - збогум за проф. д-р Димитар Кафтанџиев

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2023 11:21

Добивај вести на Viber

Вчера, во Скопје, по кусо боледување, почина проф. д-р Димитар Кафтанџиев, доајен на македонската хирургија и основоположник на современата македонска торако-васкуларна и кардиохирургија. Проф. д-р Димитар Кафтанџиев бил раководител на тимот, кој пред 50 години, на 30.мај 1973 година ја извршил првата операција на отворено срце во државава.

Извршувал повеќе општествено-стручни и раководни функции. Бил продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, директор на клиниката за торако-васкуларна хирургија, како и директор на Хируршките клиники при Медицинскиот факултет во Скопје.

Автор е на две монографии со наслов ,,Рак на дојка“ и ,,Рак на тиреоидна и паратиреоидни жлезди“, како и на многубројни стручни и научни трудови, презентирани во земјава и во странство.

Добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои, Орденот за заслуги за народ со сребрена ѕвезда на СФРЈ, Државната награда ,,11 Октомври”, како и наградата на град Скопје ,,13 Ноември”.

Посмртните останки на проф. д-р Димитар Кафтанџиев ќе бидат погребани утре, на градските гробишта ,,Бутел” во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење