Почина гевгеличанката Спаска Митрова: Бугарската министерка Захариева со последен поздрав
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2020 09:53
Министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева со посебен статус на социјалната мрежа фејсбук изрази жалење за смртта на гевгеличанката Спаска Митрова. Таа почина пред два дена во Гевгелија по тешко боледување, а зад себе ја остави четиринаесетгодишната ќерка. Митрова е инаку бугарски државјанин и позната во јавноста по спорот со сопругот околу стрателството над ќерката. Во случајот на времето се вмеша и Бугарија затоа што Митрова се декларираше како Бугарка. За правата на Бугарите во Македонија зборува и Захариева во статусот.
„Со тага ја примив веста за трагичната смрт на Спаска Митрова. Таа беше пример на извонредна бугарска мајка која и покрај притисокот не се откажа од себе и од нејзиното семејство. Дозволете ми од мое и од име на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија да го изразам моето најдлабоко сочувство до семејството и роднините на Митрова. Знам дека ништо не може да ја надомести прераната загуба, но сакам да ги убедам дека Бугарија ќе продолжи да ги заштитува правата на граѓаните на Бугарија во Република Северна Македонија, напиша Захариева на фејсбук.
За случајот Митрова за тужеше Македонија во судот во Стразбур, но пред неколку години го загуби спорот.
Вечното почивалиште на Митрова е на старите бугарски гробишта.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




