Почина планинар на старт на планинарска тура Богомила-Чеплес
Објавено во: Македонија 23 Април, 2018 16:50
Викендов починал планинар на старт на планинарската тура која требало да се изоди на релација Богомила-Чеплес, Велешко. Се работи за лице на возраст од 51 година од Кичево. Планинарот починал на лице место, речиси на самиот старт на искачувањето кое почнало над Богомила.
Очевидци за Сведок раскажуваат дека сѐ се случило многу бргу и човекот починал на лице место нешто по 9 часот во саботата.
-Во групата планинари кои требаше да поминат над 15 километри од Богомила низ неколку села и да се качат на Чеплес имаше над 150 планинари од Велес, Скопје, Куманово, Кичево, Битола и други градови. На стартот беа сите, им беа објаснети правилата, имаше лекар и никој не се пожали на ништо. На планинарот нагло му се слоши и почина неколку минути подоцна- велат очевидци.
Во групата планинари бил присутен и евроамбасадорот Самоел Жбогар. Било побарано да дојде хелихоптер да го пренесе планинарот во најблиската болница во Велес или Скопје, но не било одобрео нивното барање.
Во екипата имало лекар кој не можел да направи ништо, а најблиската Брза помош или болница е во Велес на околу 60-тина километри од местото каде што се случила трагедијата.
До пред извесно време имало амбуланта во Богомила, но сега сите села во реонот на Азот се оставени на лекар кој доаѓа повремено.
-Телото на починатиот беше оставено да лежи на местото до 18 часот бидејќи се чекаше увид. Иако имаше над 100 сведоци, на барање на јавен обвинител и полиција да не се преместува телото, тоа остана на патеката цел ден - сведочат за Сведок учесници планинари.
СВР Велес го потврди настанот и соопшти дека бил направен увид, а не била направена обдукција бидејќи се работело за природна смрт. Телото го подигнало семејството од капелата во Велес и тој вчера бил погребан. Обвинителот го дозволил преземањето на телото, објаснија од СВР Велес за Сведок.Тие велат дека се работело за потешко пристапен терен каде што настапила смртта на планинарот.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




