19 Декември, 2025
0.0730

Почна продажбата и на становите во третата кула во комплексот „Diamondof Skopje“

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2022 13:02

Добивај вести на Viber

Расте интересот за високо квалитетно урбано живеење во мултифункционални комплекси во Скопје, кои нудат различни содржини. На самиот старт од изградбата на третата од вкупно четири кули од комплексот „Diamondof Skopje“ што го гради „Лимак Скопје“, купувачите покажуваат големинтерес за становите, кои се соразлична површина, почнувајќи од 42, па сѐ до 105 квадратниметри. „Лимак Скопје“ нуди можност за плаќање на 24 рати без камата, а во оваа почетна фаза на продажба на станови во третата кула, достапни се и други поволности и истите ќе важат до крајот на годината. За сите детали заинтересираните можат да се информираат во Салонот за продажба, сместен во комплексот „Diamondof Skopje“.

Во текот на градбата се користат високо квалитетниеколошки и одржливи градежни материјали, водејќи сметка за енергетската ефикасност и еколошките аспекти на целиот објект. Становите имаат висока топлинска и УВ изолација поради употребата на алуминиумски рамки и двослојно калено стакло за вратите и прозорците, со што се постигнува и заштеда на енергија. За да се обезбеди звучна изолација, за сите внатрешни ѕидови се користат леснибетонски блокови. Во изработката на надворешната фасада се користи камена волнаи стаклена фасада само во аглите на фасадата, со што се овозможува топлинска изолација и заштеда на електрична енергија. Становите сеопремени со кујнски мебел и ентериер во бањата, при што се користени елементи кои заштедуваат вода и електрична енергија.

Дополнителна вредност на комплексот „Diamondof Skopje“ е атрактивниот Д - плус концепт. Имено сопствениците на станови во комплексот, покрај другите содржини ќе имаат и пристап до содржините на Д - плус концептот, кој го сочинуваат соодветно опремени простории за видео игри, за караоке, за забави и музика, приватно кино, како и простории за пилатес.

„Големиот интерес за купување на станови во Diamond of Skopjeе само дополнителен поттик да продолжиме со реализација на нашата мисија, а тоа е создавање на препознатлив комплекс кој ќе стане симбол на модерното урбано живеење во Скопје.Остануваме и понатаму целосно посветени на оваа идеја, согласно планираната динамика и со доследно почитување на најдобрите градежни практики и високите стандарди при работа, кои се дел од високата професионална етика и големото искуство на Лимак“, изјави главниот извршен директор на „Лимак Скопје“КуртханАпајдин.

„Diamond of Skopje“ се протега на површина од 325.000 метри квадратни, има четири станбени кули совкупно 772 станбени единици. Покрај тоа, комплексот има деловен простор, трговски центар со површина од 48.000 квадратниметри, чија изградба влегува во завршна фаза, хотел со пет ѕвездички - „Limak Skopje Luxury Hotel“, кој работи повеќе од една година, како и 3.200 паркинг места.Вкупната инвестиција во комплексот изнесува 250 милиони евра.

Комплексот ќе има втора по големина зелена површина во градот од околу 11.000 квадратни метри, која ќе овозможи простор за одмор, спорт и рекреација во урбана средина, задоволувајќи ги потребите за современ начин на живеење.  Дел од проектот е и подземната сообраќајница што ќе се протега под комплексот „Diamondof Skopje“, која ќе биде долга 800 метри и широка 37 метри, со по две сообраќајни ленти во двата правци и простор за евентуална трамвајска линија во средината.

„Лимак Скопје“ е дел од Групацијата „Лимак“,која со своите деловни активности е присутна во повеќе од 17 земји во светот, со повеќе од 60.000 вработени кои работат во неколку сектори: градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности. Градежната компанија „Лимак“ која е дел од оваа Групацијата,  оваа година повторно напредуваше на листата најдобри градежни компании во светот, што традиционално ја прави „EngineeringNewsRecords“, заземајќи го 50-то место од вкупно 250 глобални градежни компании.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза