15 Јануари, 2025
0.0881

Почнува елиминација на неактивни фирми, 5000 спорни компании веднаш ќе бидат збришани!

Објавено во: Економија 28 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Фирмите кои во изминатите три години не вршеле никаков промет, ниту пак доставувале годишни сметки, за неколку дена, ќе заминат во историјата. Почнува процесот на бришење на неактивните фирми, а го спроведува Централниот регистар со помош на Управата за јавни приходи која ќе контролира дали неактивните фирми вршеле некаква транскација во изминатиот период. Такви во земјава се над 30 илјади фирми, но, во моментот, Централниот регистар селектирал над 5 илјади спорни компании кои немале доставено никакви податоци. Законската процедура налага од први март централниот регистар да објави јавен повик до сите спорни фирми кои во рок од 30 дена треба да ги средат работите околу блокираните сметки но, во истиот рок ќе им се даде можност на доверителите да се произнесат за своите барања. Притоа можностите се, или фирмата да заживее или да почне постапка за стечај и во краен случај фирмата автоматски да биде избришана од регистарот. „Доколку не се јави доверител да поднесе известување во рок од 30 дена, ние автоматски во наредниот период преминуваме кон бришење на тие фирми. Но, во случај да има доверители кои ќе достават побарувања, тогаш ќе чекаме стечајниот суд да достави решение дека се отвора стечајна постапка“, вели Ванчо Костадиновски, директор на Централниот регистар Чистката на неактивните трговски друштва треба да помогне да се направи селекција на субјектите кои учествуваат на домашниот пазар, што значи дека конечно ќе се реши проблемот со фантомските фирми кои, фигурираат во Централниот регистар меѓутоа со години немаат никаква економска активност. Сегашната ситуација креира лажна слика за состојбата кај многу фирми, бидејќи иако се неактивни, голем број од нив  натрупуваат обврски по разни основи. Претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков, претпоставува дека голем дел од долговите на овие неактивни фирми ќе бидат „опростени“ од страна на државните доверители. „Се знае зошто досега тие фирми од своите сопственици не биле избришани. За отворање стечајна постапка требаат пари, а од тие што банкротирале тешко може да се очекува да посегнат по својот џеб, и да ја затворат фирмата. Така што ова е олеснителна околност за нив, затоа што, ваква мерка- подарок, не може да им се случи во никоја друга земја во опкружувањето а камоли во земјите од ЕУ“, вели Бошков. Очекувањата се дека по завршување на процесот, во земјава ќе останат да функционираат околу 70 илјади компании. Соња Наумовска

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања