Почнува кампањата „Празнувај одговорно“: Премиерот Заев ќе прослави Нова година дома со сопругата и неговите деца
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2020 14:42
Здравјето мора да
се стави пред задоволството и профитот, истакна на денешната прес-конференција,
премиерот Зоран Заев, нагласувајќи дека Владата денеска ги прифати препораките
од Комисијата за заразни болести.
Тој информираше дека се наоѓаме пред нов предизвик, а тоа се претстојните празници, нагласувајќи дека од овие причини е одлучено да бидат целосно прифатени новите рестриктивни мерки. Со ова практично започнува и кампањата „Празнувај одговорно“ кои вчера ги предложи Комисијата за заразни болести.
-Рестриктивните мерки ќе стапат на сила на 18.декември и ќе траат до 20.јануари. Се намалува работното време на локалите до 18 часот, а се забрануваат прослави на отворено, како и предновогодишни прослави во компаниите и фирмите. Сега кога сме на чекор до долгоочекуваната вакцина, целта е да издржиме и оваа година треба да одбележиме, а не да празнуваме. Да ја пречеканем Новата година како одговорни граѓани, јас празниците ќе ги поминад дома со сопругата и со децата, рече премиерот Заев.
Истовремено додаде дека се свесни дека ова не се популарни мерки, но како што истакна сега е време здравјето да се стави пред задоволството и пред профитот.
-Конечен излез од пандемијата се вакцините. Јас ќе бидам меѓу првите што ќе се вакцинирам, веднаш по здравствените работници кои се на првата линија, како и хронично болните и повозрасните лица, истакна премиерот Заев.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




