Поднесено е обвинение против Лидија Димова за злоупотреба на европски пари
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2022 20:39
Обвинение e покренато за поранешната директорка на Агенцијата за образовни програми, Лидија Димова за злоупотреба на европски пари.
Освен Димова, обвинителен акт ќе има и против благајничката на агенцијата и надворешен соработник. Според Обвинителството, тие направиле штета на средствата со кои Европската заедница од околу 320.000 евра. Димова во периодот од 2018-2020 година ја злоупотребила службената положба и без да објави јавен конкурс склучувала договори со надворешни лица и ги ангажирала како соработници, што е спротивно од Законот за јавни набавки.
Во 2018 година, Димова во пет наврати постапила спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на парични средства сопственост на Буџетот на РСМ или средства со кои управува Европската заедница или се управува во нивно име, не објавила оглас за јавни набавки, не ги почитувала општите правила и не спровела постапки за јавни набавки од делокругот на тековното работење на Агенцијата, туку склучувајќи договори со четири правни лица им овозможила на истите да се стекнат со имотна корист. На надворешниот соработник пак, преку агенцијата му биле исплатени околу 58.000 евра со тоа што прикажувал лажни податоци преку обрасци со објаснување дека тоа му е аванс за службено патување. Оваа сума на пари му била исплатена преку третообвинетата, односно благајничката во агенцијата. Благајничката пак обвинителството ќе ја гони затоа што му ги исплаќала парите, иако немале потпис од Димова ниту соодветна документација. Пред повеќе од година и половина Димова беше разрешена од директорската функција.
Можеби ќе ве интересира
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина




