17 Декември, 2025
0.0639

Подржувачите на Мицкоски го спасуваат од неодговореното прашање од Заев

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2018 21:34

Добивај вести на Viber

Подржувачите на политиката на опозицијата и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се уште се обидуваат да го неутрализираат неговото молчење без одговор на прашањето од премиерот Зоран Заев  за тоа „што му пречи во предлогот Илинденска Македонија“, што беше можеби највпечатлив момент во неодамнешниот ТВ-дуел на МРТ.

Премиерот Заев го праша Мицкоски зошто за ВМРО-ДПМНЕ не е прифатливо името Република Илинденска Македонија и при тоа додаде дека Владата ќе се обиде овој предлог да биде конечно решение, бидејќи го смета за достоинствено.

-25 години Македонија беше заглавена во калта на патот кон ЕУ. Патриотизам на гладен стомак нема. Што ако не се реши спорот во наредните 10 години. Тоа е лидерство. На крај ќе има референум, граѓаните ќе одлучат. Кажете ми што не чини во Илинденска Македонија, што ви смета во Илинден. Лесно е да кажете ние сме против, без аргументи. И опозицијата мора да биде одговорна во овој процес. Јас верувам дека треба да се обидеме, затоа што решението е достоинствено. И во Њујорк ќе се обидеме, додека можеме да се обидуваме. Сега сме блиску, во наредните 10 години ќе биде многу потешко, рече Заев.

Мицкоски остана без одговор зошто предлогот Република Илинденска Македонија е  неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ.

Одредени медиумски работници се обидоа тоа да го оквалификуваат како „лош спин“ од страна на Заев, а сега се јави и професорот Љубомир Цуцуловски.

Професорот Цуцуловски во емисијата „Ѕид“ на Алфа ТВ му постави индиректно прашање на премиерот, на кого му смета да стои само Република Македонија?

-Господинот Заев кога ќе го постави прашањето, кому му смета Република Илинденска Македонија веднаш може да му се постаи прашањето а кому му смета само Република Македонија без Илинденска или било каква друга придавка, праша Цуцуловски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски