ПОЕВТИН ТРАНСПОРТ, ОБЛЕКА, ОБУВКИ: Се намали инфлацијата во Швајцарија
Објавено во: Економија 02 Ноември, 2024
Инфлацијата во Швајцарија се намали на 0,6 отсто и е најниска од јуни 2021 година.
Цените на транспортот во Швајцарија во октомври се намалиле за 2,7 отсто на годишно ниво, облеката и обувките за еден отсто, а во здравството за 0,8 отсто.
Инфлацијата во категоријата домување и енергија го забави растот на 3,5 отсто, додека цените на храната и безалкохолните пијалоци поевтинија за 0,3 отсто.
На месечна основа, инфлацијата во Швајцарија исто така се намали за 0,1 отсто во однос на септември. Годишната стапка на базичната инфлација во Швајцарија исто така падна од еден процент на 0,8 проценти.
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.