17 Декември, 2025
0.0498

ПОГОЛЕМА СВЕСТ: Амбасадори решија да го зачистат кејот на Вардар

Објавено во: Македонија 26 Април, 2018 14:18

Добивај вести на Viber

„Зачисти, па твитни“. Вака гласеше акцијата која денеска беше спроведена на кејот на реката Вардар во Скопје.

Во акцијата учествуваа  странски амбасадори во земјава, како и тимови од Пакомак и Пивара Скопје, компании кои го поддржале настанот.

Меѓу оние кои чистеа беше и вицепремиерот Бујар Османи кој на Фејсбук напиша дека станува збор за успешна иницијатива на Холандската амбасада.

Покрај холандскиот амбасадор, Ваутер Плом, во акцијата за зачистување учествуваа и британскиот и американскиот амбасадор, Чарлс Герет и Џес Бејли.

„Иницијатива која ја гледам повеќе како поттик за повеќе вакви акции, како и други активности, со кои ќе влијаеме на нашата свест дека нашата средина, нашата околина е наша обврска. Човек ќе се подготвува за матура, за роденден, свадба, па ќе се потшиша, ќе се дотера, ќе подзачисти, за тоа како да имаме вградено личен срам, ама како да ни недостасува малку одговорност и срам кога се движиме во валкана средина, како таа да не е наша обврска, како да не е наша одговорност. Ние сме на добар пат да влеземе во ЕУ, и крајно време е да почнеме малку повеќе да се грижиме за чистотата на нашата средина“, напиша Османи на Фејсбук.

фото:

Плусинфо

Можеби ќе ве интересира

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме