27 Јули, 2024
0.0284

ПОКАЖАВ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МОЖЕ ДА БИДЕ НЕЗАВИСЕН ОД ЦЕНТРИ НА МОЌ, ДУРИ И ОД ОНИЕ КОИ ГО ПОДДРЖАЛЕ - Пендаровски најави граѓанска кандидатура со поддршка од СДСМ

Објавено во: Македонија 01 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Дефинитиво актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски ќе трча за уште еден претседателски мандат. 

Ова тој го најави на денешната пресконференција, нагласувајќи дека ја најавува својата граѓанска кандидатура. 

„Сакам да ја најавам мојата граѓанска кандидатура за Претседател на државата. Изминативе денови добив јавна поддршка за номинација за вториот мандат од граѓани, дел од нив јавни личности, универзитетски професори, културни работници, луѓе кои ме познаваат, но и не мал број од оние кои лично не ме познаваат. Ја користам оваа прилика, на сите нив, да им се заблагодарам за довербата која ја имаат кон мене и за поддршката која ми ја даваат. На 3 март, во недела, според моите информации очекувам и Социјалдемократскиот Сојуз да ја формализира својата поддршка за мојата кандидатура, а веднаш потоа, од понеделник, тоа да го направат и останатите десетина политички партии од таа коалиција. Во недела ќе присуствувам на Конгресот на СДСМ, само во тој дел се разбира, да им се заблагодарам за поддршката, а од понеделник па натаму ќе имам средби со сите десетина политички партии од таа коалиција, која ја најавија својата поддршка за мојата кандидатура, од кои ќе сакам да слушнам предлози кои би можел да ги вградам во мојата изборна програма. Како што најавив поодамна, станува збор за граѓанска кандидатура и поради тоа ги повикувам сите граѓани, почнувајќи од 3 март, недела, да дадат поддршка за мојата кандидатура со давање на потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија“, рече Пендаровски. 

Тој ги наведе и причините за неговата кандидатура.

„Првата и главна причина е во тоа што зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка. Без ниту една корупциска афера и ниту еден случај на непотизам или судир на интереси, поврзани со мене, со моето семејство, со моите роднини, пријатели, или најблиските соработници. Бев национален координатор и ги предводев преговорите за членство на Македонија во НАТО и во мојот прв мандат станавме членки на Алијансата. Очекувам во моја втор мандат да станеме членки на Европската Унија.

Друга причинa се моите политики во сферата на меѓуетничките односи, кои се, биле и ќе бидат столб на внатрешната стабилност и кохезија на македонското општество. Јас сум Македонец, меѓутоa, не постои ниту еден единствен случај во изминативе пет години кога моето етничко потекло било причина некого да фаворизирам, или да деградирам. Структурата на моите соработници во Кабинетот, но и сите именувања кои ги направив во рамките на моите уставни и законски надлежности се потврда за ова што го зборувам.

Третата причина е поврзана со втората. Во изминативе пет години покажав дека претседателот може да биде независен од било кои центри на политичка, или економска моќ во државата, вклучително и во однос на оние кои го поддржале на избори. Во нашава држава не постои човек или партија, кој може да каже дека ме контролира, или ги диригира моите одлуки“, рече Пендаровски.

Тој ги изнесе и своите ставови во однос на двата столба на македонската независност, стабилност и просперитет и договорите поврзани со нив, односно за меѓуетничките односи и евроатлантските интеграции.

„Постојат кандидати кои се залагаат, или најавуваат, или во минатото најавувале ревизија, или поништување на Рамковниот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија.

Рамковниот договор ја исполни својата историска улога и ја засили, а не ја поткопа внатрешната кохезија на Македонија. Најмногу и заради Рамковниот договор станавме држава - кандидат за членство во Европската Унија.

Преспанскиот договор го овозможи нашиот влез во НАТО, што е огромна придобивка од аспект на безбедноста на државата и го потврди постоењето на Македонците и на македонскиот јазик на глобално ниво.

Договорот со Бугарија не беше спорен цели три години. Истиот тој договор, со истата таа содржина, стана проблем кога Бугарија под притисок на својата стара комунистичка националистичка гарда почна да измислува причини за блокада, кои инаку во самиот Договор ги нема. Конечно, тезите дека некој ќе ја промени преговарачката рамка со Европската Унија и ќе направи подобар договор со Бугарија се политичка фатаморгана, исто како и најновата ингениозна идеја дека договорот со Бугарија ќе го почитуваат, но во замена ќе бараат Софија да го промени нивниот Устав и пропратните закони. Меѓутоа, ако некој успее да го направи тоа ќе бидам првиот кој јавно ќе му честитам. Само се плашам дека станува збор за барање за оправдување за реалната блокада на нашите евроинтеграции која ја прават последните години исклучиво заради кревање на својот партиски рејтинг“, нагласи Пендаровски на својата пресконференција.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“