15 Декември, 2025
0.0447

ПОЛЕКА НО СИГУРНО „ДУФЕРКО“ ГИ ЦЕМЕНТИРА ПОЗИЦИИТЕ ВО „МАКСТИЛ“ - се плаќаат убави пари за акциите, еве до колкав процент стигнаа

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2024 11:27

Добивај вести на Viber

Странската компанија „Дуферко“ од Лугано, Швајцарија, полека, но сигурно, упорно ги засилува своите капитални позиции во нашиот чиличарски гигант „Макстил“.

Компанијата преку ценовно чувствителна информација ја извести инвеститорската јавност дека вчера купила нови 35.592 акции од компанијата, со штпо веќе достигнува до 83,42 отсто од капиталот.

„Макстил АД Скопје ја известува јавноста дека на 10.06.2024 година е настаната промена во сопственоста на акциите со право на глас. Имено, Duferco Skop SA, како мнозински акционер ја зголеми сопственоста и на наведениот датум се стекна со 35.592 акции, со што во моментов поседува вкупно 83,42 отсто од главнината на акции со право на глас на Макстил АД Скопје“, се вели во објавата на Берзата.

Ако е факт дека акциите се купени вчера, тоа е сигурно направено на редовниот пазар, бидејќи блок трансакција со акциите на оваа компанија немаше. 

А, на редовниот пазар се гледа дерка токму вчера „зоврело“ тргувањето со акциите на „Макстил“, односно биле истргувани 36.757 акции, што според количина е буквално пик и најголема истргувана количина во последниов период. Токму од овие акции, најголемиот дел, односно 35.592 акции се купени од Дуферко. 

А, дека на Дуферко му значат овие акции, односно дека му е битно да ги зајакнува своите позиции во компанијата, говори фактот што за нив има платено многу повисока цена, односно 142,54 денари за акција, што е исто така пик во последниов период, додека, пак, на претходното тргување овие акции се плаќале по цена од 130 денари за акција. 

Или, ако се купени 35.592 акции по цена од 142,54  денари, значи дека Дуферко за дополнителниот акционерски пакет платил близ 82 и пол илјади евра.

Ова не е прв пат Дуферрко, кој од поодамна има околу 80 отсто од капиталот, да докупува помали акционерски количини и да го засилува својот пакет, за сега да достигне и до 83,42 проценти.

Инаку, согласно состојбите од Централниот депозитар за хартии од вредност, покрај Дуферко, во Макстил има и други акционери. 

Односно, има како акционери 5.034 физички лица, главно поранешни вработени од некогашна Железара или нивни наследници, кои заедно поседуваат над 15 потсто од акциите. 

Исто така, акции имаат и 40 домашни правни лица, односно фирми, чии пакет е 0,68 проценти. 

Има и релативно мал процент на странски акционери.

„Макстил“ во последниве години работи прилично успешно, а тоа беше и причината што плати висока сума на солидарен данок.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност