ПОЛЕКА, НО СИГУРНО СЕ ВРАЌААТ НА СТАРИТЕ „ПАТЕКИ“: АД МОДА ги намали загубите, остваруваат соработка со нови партнери
Објавено во: Економија 24 Октомври, 2025 14:14
Компанијата АД Мода Свети Никола, која важи за една од најуспешните текстилни компании во Македонија, по долги години успешна приказна и континуиран извоз во Германија, сега се бори со намалени порачки.
Според последниот извештај доставен до Македонска берза, АД МОДА и понатаму се соочува со проблеми во работењето, и иако имаат евидентирано загуби, сепак, потенцираат дека финансиските резултати се подобри од минатогодишниот.
Во рамки на редовниот деветмесечен извештај за остварувањата на компанијата, е посочено дека во извештајниот период компанијата оствари производни и финансиски резултати подобри од истиот период минатата година.
- Остварен е извоз од 542.391 конфекциски единици од кои 514.397 за Казамода од Германија и 27.994 за други партнери за извоз. Остварен е извоз во вкупна вредност од 2.906.027 евра - се посочува во извештајот објавен на Македонска берза.
Појаснуваат дека и во текот на 2025 година продолжило намалувањето на побарувачката од главнот партнер од Германија, која се движи околу 3.000 парчиња дневно, а производствениот капациет достигнвуа до 3.300 парчиња дневно.
- Со цел да се задржи моменталното производство и бројот на вработени АД МОДА обезбедува додатни количини од други партенери.
Остварената продуктивност, изразена преку девизен привли на 1 работен час изнесува 8,03 евра на час и е малку подобра од минатогодишната - се посочува во извештајот.
Исто така се укажува дека остварените расходи од работењето се за 6 отсто повисоки од минатогодишните.
- Најголем раст има кај трошоците за плати кои се поголеми за 9 отсто од истиот период минатата година. Забележано е и зголемување на услугите и други трошоци од работењето, но нивното учество во вкупните трошоци од работењето е занемарливо, бидејќи трошоците за вработените учествуваат дури со 82 проценти во однос на вкупните оперативни расходи, што зборува за трудоинтензивниот карактер на дејноста, но исто така и за поголемиот раст на трошоците за плати во однос на цените на услугите кои ги обезбедува претпријатието за странските партнери - се посочув во извештајот објавен на берза.
Меѓу другото компанијата информира дека остварена е загуба пред оданочување во износ од 7.686 илјади денари, и додаваат дека таа e помала во однос на остварената загуба за истиот период минатата година.
Во извештајниот период АД МОДА нема исплаќано дивиденди, ниту пак вложувања во опрема и нови инвестиции.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




