ПОЛИЦАЕЦОТ Е НА КАРИЛ, НО НЕ КАЖУВААТ ЗА НЕГОВАТА СОСТОЈБА: Има прострелни рани
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2023 14:01
Повредениот затворски
полицаец, кој настрада синоќа при грабнувањето на затвореникот од „Идризово“
има прострелни рани и итно е пренесен на Клиниката за анестезија реанимација и
интензивно лекување-КАРИЛ, каде што се сместуваат пациенти во најтешка
здравствена состојба.
По неколкучасовни обиди на Фактор да се добие информација од КАРИЛ за здравствената состојба на полицаецот И. Х., особено поради наводите на некои медиуми дека има прострелни рани во ногата, но дека му било пукано и во бешиката, директорката Маја Мојсова Мијовска, кусо одговори „нема изјава“.
Инаку, при синоќешното грабнување на затвореникот кој требало да служи затворска казна од 20 години заради убиство, во комбето со кое е превезуван кон болница, најверојатно настанала вистинска борба, при што насилно му бил одземен пиштолот на И. Х. додека возел.
Единствено МВР излезе со официјално соопштение за крвавиот инцидент.
-Синоќа во 23:20 часот четворица вработени во Затворската полиција кои биле со комбе „Форд транзит“ побарале помош од полициски службеници од СВР Скопје. Според нивната пријава, додека вршеле спровод на осуденик Б.М од КПУ „Идризово“ кон Ургентниот центар „Мајка Тереза“, на автопатот осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И.Х од затворската полиција, пукал и го ранил. Потоа осуденикот побегнал со патничко возило „ауди“. Повредениот затворски полицаец е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош, објави МВР.
Други детали засега нема.
А. Б.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




