17 Декември, 2025
0.0401

ПОЛИЦАЈСКИТЕ 12 ЧАСОВНИ СМЕНИ СЕ ЗАМЕНУВААТ СО ОСУМЧАСОВНИ - Синдикатот на Гоце Делчев Тодев револтиран, бара Спасовски итно да најде решение за проблемите

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2022 12:32

Добивај вести на Viber

Независниот синдикат на полицијата реагира на измената во работното време на полициските службеници, која, велат, се воведува во екот на енергетската криза и досегашните 12-часовни се заменуваат со осумчасовни смени. Според синдикатот, тоа е сериозен проблем и апелира министерот и директорот на БЈБ итно да го надминат.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев, денеска на прес-конференција пред МВР појасни дека овие измени значат дека полициските службеници кои досега требало да патуваат по 12-13 пати во текот на месецот, сега треба истото да го прават 21-22 пати.

– Во ек на економска и политичка криза, со овие цени на горивата, на неколку поедицни во МВР им текна една интересна идеја смените да ги префрли од постојните на работа по осум часа на ден. Ова е сериозен проблем и прашање што уште утре, министерот преку директорот на БЈБ треба да го надминат, изјави Делчев.

Оваа состојба, нагласи тој, критично се одразува на егзистенцијата на полицајците, затоа што поголемиот број воопшто не работат во своите општини и треба да патуваат.

– Како да одат на работа на осумчасовно работно време од Гостивар до Ростуше или од Прилеп до Старавина. Тие се места што се по 70-80 километри оддалечени од местото на живеење на полицајците, рече Делчев.

Од НСП посочуваат дека овие, како што посочуваат, избрзани решенија системски го уништуваат полицаецот и го намалуваат неговиот семеен буџет.

Можеби ќе ве интересира

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР