ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕР ЌЕ ГО ГАСИ ПОЖАРОТ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА: Нова огнена стихија попладнево по Неготино
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2023
Уште еден пожар
попладнево во Тиквешко, покрај пожарот во Гоцева шума кај Неготино, пожар
избувна и во Демиркаписко.
-Поради олеснување на воспоставувањето на контрола врз шумскиот пожар во месноста наречена Мал Раковец во општината Демир Капија, за дваесетина минути ќе дејствува еден полициски хеликоптер со ведро од три тона, информираа од Центар за управување со кризи.
Авион на ДЗС веќе интервенира на пожарот кај Неготино, каде на терен гаснат и пожарникари од Неготино и Кавадарци.
фото: МИА