15 Јануари, 2025
0.0248

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Либерално-демократската партија најостро го осудува неодговорното и неконтролирано ширење на содржини на социјалните мрежи и покрена иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија.

Единаесет деца се повредени во Скопје поради „Тик-Ток“ предизвикот ,,Супермен’’.  Најмладиот има само 10 години. Билансот е во последните 6 дена. Од ЛДП велат дека поради овој предизвик само во последните 24 часа резултатот е повреди кај уште шест деца во Скопје и други градови низ Македонија.

Потсетуваат на предлогот кој минатата година го доставија до Министерството за образование и наука непосредно по немилите настани во соседна Србија, а со кој се бара контрола на содржината која се емитува на социјалните мрежи, како и забрана на содржините кои поттикнуваат насилство.

„Најмладиот од повредените има само 10 години, а најстариот 17 години. Овие податоци не се само загрижувачки, туку алармантни. Децата, нашата најранлива категорија, стануваат жртви на опасни игри кои се пласираат преку социјалните мрежи. Тие содржини, под маската на „забава”, претставуваат сериозна закана за нивното физичко и ментално здравје, а ние како општество мора да преземеме одговорност и да ги спречиме ваквите несреќи.

Немањето соодветна контрола врз содржините кои се достапни на социјалните мрежи овозможува ваквите „игри” да стигнат до најранливите корисници. Ова е директен удар врз нашата колективна одговорност како политички партии, како родители, како институции, но и генерално, како општество“, велат од ЛДП..

Од таму бараат итно регулирање на содржините на социјалните мрежи со воведување на мерки за забрана на оние кои поттикнуваат насилство и саморазорувачко однесување, зголемување на надзорот и воведување санкции за платформи кои овозможуваат опасни содржини достапни за малолетници.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори