07 Декември, 2025
0.0314

Политички профил на Христијан Мицкоски

Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2021 07:06

Добивај вести на Viber

Надојдениот Вардар, доаѓа за првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, даскалот Христијан Мицкоски. Најавениот конгрес на 28 март, од  „Мериот коалицијата“,  е  всушност лакмус тест за кои делегати од Валандовскиот изборен конгрес, кога беше устоличен за наследник на Груевски, му се лојални нему,а  кои сметаат дека тој понатаму не може и нема капацитет да ја води опозицијата во идните политички битки со власта. На тој конгрес во Валандово , како единствен (сталинистички) кандидат, од старт се соочи со незадоволство и отпор меѓу видни и истакнати долгогодишни вмровски високи партиски и државни функционери. Сегашниот негов близок соработник, поранешниот министер за надворешни работи Антонијо Милошески, заедно со Илија Димовски, и неколкумина други, бараа одложување на конгресот, за да го спречат неговиот избор, во што не успеаја. Понатаму се е историја.

Чистка која донесе порази!

 Во најголемата опозициска партија се случија турбулентни турнуси, со кои се видоизмени самата суштина на партијата. Во изминатите 3 години, наместо Мицкоски да ги збие внатрепартиските редови, и да го прошири својот коалициски капацитет и потенцијал ( со други опозициски партии), но и со предвиден етничкоалбански коалициски партнер, тој влезе во брутална пресметка со видни партиски неистомисленици кои не се согласуваа со неговите политики (особено околу ставот и дејствувањето на ВМРО за референдумот за смена на уставното име). Таа негова пресметка со Мијалков, Конески, Рангелова, Тодоров, Митко Јанчев и многу други поранешни високи партиски имиња, не само што му одземаше перманетно енергија, туку и му одзема илјадници гласови, за кое резултат е губењето на парламентарните избори, минатата година на 15-ти јули. Мицкоски на тие избори го достигна историскиот минимум од околу 300.000 гласови, кои важат за „бетон“ вмровско гласачко тело, но воопшто не привлече на своето конто неопределени, разочарани и гневни од политиката на Заев во изминатите три и пол години (корупциски афери, смена на уставното име, мега криминалната афера „Рекет“, пропаст на Специјалното јавно обвинителство). Дури Даскалот, не успеа да ги преповтори, математички прецизно и „чистите македонски гласови“, на професорката Гордана Силјановска-Давкова, од вториот круг на претседателските избори од околу 380.000 гласови, кои ќе му беа доволни да биде веќе актуелен премиер на Македонија.

Апасиев е новиот Ципрас, а ВМРО Пасок?

Таа негова суетност, надменост, арогантност и дрскост во неговите јавни настапи, е одлика повеќе на неговиот авторитетен и искомплексиран личен карактер, одошто некаква ПР стратегија, бидејќи ако е, од старт е промашена. За тоа може, ете, да се консултира со неговиот претходник Никола Груевски, кога оди на средба во Будимпешта со Унгарците, за овој вториов да го подучи како треба да се однесува како лидер на алтернативата на власта, односно лидер на опозиција која претендира да ја замени (катастрофалната) власт. Груевски, каков и да бил, во неговите опозициски денови од 2003-2006 тата година, се однесуваше сосема спротивно од тоа како се однесуваше во деценијата кога ја упражнуваше власта. Пред македонската јавност се претставуваше како народен човек, човек скромно облечен, без ароганција во однесувањето, понекогаш и како жртва, односно се тоа, што треба да биде допадливо на обичниот Македонец, за да може да го гласа, и да го смени арогантниот СДСМ, тогаш предводен од антихаризматичниот премиер Владо Бучковски. И успеа во тоа. На партијата која ја води ( народна, демохристијанска, патриотска ѓомити), не и личи да биде предводена од самобендисан и надмен лидер. Народните (обични) луѓе во тоа нема да препознаат алтернатива. Уште повеќе што, имаат опционален избор во фронтменот на Левица, Димитар Апасиев, и токму кон него се одлеваат овие незадоволни од власта гласови. Затоа се и сега тие фронтални напади од се што е  опозициско вмровско  кон Апасиев, кога конечно сфатија дека тој можеби е проектиран за „Ципрас, а Левица за Сириза“, ама ПАСОК нема да биде СДСМ на Заев, туку ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски. И конечно, најголемата грешка и промашување на лидерот на ВМРО е неговиот однос и политика кон меѓународната заедница (читај Американците). И тука Груевски, како лидер на опозициската ВМРО, сосема спротивно се однесуваше. Тој градеше имиџ на проамерикански технократ, економски реформатор, неоптоварен од национализам, кооперативен и конструктивен. Овој со својот петпарачки, паланечки квазипатриотизам не само што не успеа да ги привлече гласовите на најрадикалните патриотски гласови, туку направи се, Американците логистички да му помогнат на Заев да остане на власт (коалицијата со БЕСА на Билал Касами). Јавно вети, дека доколку ги загуби изборите, ќе се повлече од лидерското место во партијата, потоа нагласи дека доколку не успее да формира влада, ќе го стори истото, за на крај самиот себе си, со одлука на Централниот комитет на партијата ( кадровски пополнет од него), да прогласи ПОБЕДА на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 15 јули, кај етничкото македонско гласачко тело. Невидена бурлеска! Таа политика на етничко поимање на електоратот во мултиетничка земја како Македонија, не само што нема да му помогне да дојде до власта, напротив, странците ќе го одвратуваат од истата, бидејќи проектот „Едно општество за сите“, е проект кој е разработен во „кујните“ на  стејтбилдинг стратезите  од меѓународните авторитети, како тие ја  гледаат во иднина  нашата земја.

Касно е за китка либе!

Што може во ваква констелација на односите Даскалот да направи за да го поправи нарушениот имиџ на „антизападниот Мицкоски“, што би рекло првото лице од малите ТВ-екрани на владејачката СДСМ, портпаролот Костадин Костадинов?! Да стане проамерикански настроен лидер? Тој декларативно е тоа, но неговите дружби и политички врски со Орбан, Јанша и пред тоа со Вучиќ, се доволен доказ дека „ ова копиле не е наше“ ( според американската логика на бирање на „нивни копилиња“ како идно проектирани лидери на банана балканските држави). Или што би рекле нашите источни соседи со кои имаме тежок национален спор ,,касно е за китка либе“.  Мицкоски и при некоја идна победа на парламентарни избори, ќе има танталови маки да создаде коалициска влада со Левица на Апасиев, и Алијанса на Албанците на Села, бидејќи тоа не само што нема да го дозволат, туку максимално ќе се потрудат  да го спречат „стратешките пријатели“ од Калето. Да не се лажеме, во оваа и ваква држава, три децении нашите влади беа носени и буткани од власт со логистичка поддршка и амин од дипломатскиот Чичко Сем кај нас! 

Благојче Атанасовски-политиколог

Ставовите изразени во рубриката колумни се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски

Милошоски: Нема да има мигрантски кампови во Македонија

Милошоски: Нема да има мигрантски кампови во Македонија

Кузеска: Никој не му дал право на Мицкоски да преговара за мигранти

Кузеска: Никој не му дал право на Мицкоски да преговара за мигранти