15 Мај, 2024
0.0279

Полош и од Алкатраз: Од овој затвор никој не избегал, ниту ќе избега

Објавено во: Свет 11 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Во центарот на округот Фримонт во сојузна држава на САД, Колорадо се наоѓаат дури 13 затвори со вкупно 7.600 затвореници, па поради тоа овој крај е познат и како Долина на затворите. 

Убедливо најбезбедната казнена установа е АДХ Флоренс.

Од овој затвор се уште никој не успеал да побегне. Овде се затворени сторителите на едни од најтешките злосторства. Според зборовите на поранешниот директор на Управата за затвори Норман Карлос, овие затвореници немаат никаква почит спрема животот.

Меѓу нив се наоѓаат Закаријас Мусаи - еден од соучесниците на нападот од 11 септември 2001 година, Тери Николс - учесник на бомбашкиот напад во Оклахома, Тед Качински кој со писмо-бомба усмртил три лица, и Џохар Чарнајев којшто во 2013 заедно со сега веќе убиениот брат извршија напад на Бостонскиот маратон.

Затворскиот комплекс е делумно под земја и е окружен со високи ѕидови со што затворениците не можат да видат на другата страна.

АДХ Флоренс е изграден после убиството на чуварите во затворот за најтешки злосторства Марион во Илиноис 1983 година. Тогаш двајца затвореници во два одвоени инциденти убиле двајца чувари по што Владата ставила на располагање 60 милиони долари за изградба на супер затвор, а округот Фримонт лобирал за собирање на додатни средства, по што жителите купиле 240 хектари земја и му го подариле на Министерството за правда.

 Условите во затворот се исклучително тешки.

Затворениците поминуваат 23 часа во самица со дименции 2х3,60 метри, стаклениот кров од 120х10 сантиметри овозможува само поглед кон небото, па затворениците не се ни свесни во кој дел од затворот се наоѓаат. Секоја ќелија има бетонски кревет, тоалетна школка и полица.

Тушот има автоматизиран тајмер. Издавање на храна и комуникацијата се одвива низ мал прозорец на двојно обезбедени челични врати. Затворениците имаат помалку од минута дневно за допир со други лица.

Поединци имаат телевизор коишто емитуваат само канали со верски содржини, совети за воспитување и терапии против агресии. Затворениците може да вежбаат во ќелиите, а пет часа неделно и во теретана, исклучиво поединечно и со надзор.

Во теретаната се наоѓа само шипка за згибови, затоа што теговите и другите справи би можеле да послужат како оружје.

Еден час дневно затворениците излегуваат во дворот со придружба од најмалку три припадници на обезбедувањето. Рацете и нозете им се врзани со ланец кој е поставен на половината. Во дворот ги затвораат во кафези. 

Просторот околу е бетониран и опкружен со високи ѕидови, а горниот дел е со решетки против евентуални акции со спасување со хеликоптер.

Капацитетот на затворот е 500 лица. 
Низ годините овде биле затворени и затвореници со психички проблеми, иако тоа не е дозволено. Тужбата против нив открила и дека скратени им биле лековите.
„Не даваме лекови за расположение“, наводно изјавиле тогашните затворски лекари. Последиците од тоа биле самоповредување, многу од психички болните затвореници извршиле самоубиство. 


Можеби ќе ве интересира

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?