05 Декември, 2025
0.1892

Над половина од буџетот за плати и за пензии, растат и капиталните инвестиции!

Објавено во: Финансии 04 Ноември, 2012 10:30

Добивај вести на Viber

2,69 милијарди евра - толку ќе изнесува државната каса за 2013 година. Вкупните приходи кои се планира да се соберат изнесуваат 2,4 милијарди евра, што е помалку во споредба со 2012 година. Министерот за финасии, Зоран Ставрески го претстави предлог буџетот за следната година, кој Владата го усвоила. „Предлог-буџетот за 2013 година е испланиран реално и претставува соодветен одговор на европската криза и случувањата во евро-зоната“, изјави министерот за финасии Зоран Ставрески, кој уште потенцираше дека приходите се проектирани на ниво што е нешто пониско од 2012, што според него претставувало претпазлива проекција. Во предлог буџетот за 2013 година, владата е претпазлива со проекцијата за порастот на економијата. Очекувањата се дека идната година земјата ќе има раст на економијата од 2%.  Минусот на буџетската сметка е проектиран на 3,5%, ќе се ппокрива со задолжувања од деловните банки во странство, но и од домашниот пазар преку издавање на 1, 3 и 5 годишни обврзници. Инфлацијата во 2013 година се очекува да изнесува 3,5%.
 
Економски раст            2%
Буџетски дефицит    3,5%
Инфлација                 3,5%
  Пензиите ќе се зголемат 1,2 милијарди евра во буџетот се предвидени за социјални трансфери. За плати на администрацијата пак ќе одат околу 370 милиони. Тоа зачи дека над 50 % од буџетот се за овие ставки. Во нив, според најавите на министерот за финасии Зоран Ставрески е и зголемувањетон на пензиите. За ставката стоки и услуги се предвидени 280 милиони евра. Во буџетот за 2013 година за земјоделски субвенции предвидени се 135 милиони евра.
 
Социјални трансфери           1,2 милијарди евра
Стоки и услуги                     280 милиони евра
Земјоделски субвенции        135 милиони евра
 
Капиталните инвестиции зголемени за 10,4% Според министерот за финасии, Зоран Ставрески, Капиталните инвестиции се за 10,4 % поголеми во 2013 година во споредба со 2012 година. Најголем дел од нив ќе се користат инфраструктурни проекти – изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица, инвестиции во железничката инфраструктура, но и во енергетски капацитети. Пари ќе има и за Скопје 2014. „Капиталните инвестиции во 2013 година 18 милијарди 914 милиони денари (307 милиони евра), но на тоа треба да се додадат отприлика уште 70 милиони евра на Агенцијата за патишта која не е под буџетот. Очекувам добра реализација на проектите затоа што сите се во зрела фаза. Ќе се започне со изградба и на национлна гасоводна мрежа“, објасни Ставрески. Повеќе пари во буџетот во 2013 во однос на лани ќе добијат министерствата за здравство, образование и труд и социјална политика.  Незначителен пораст на извозот Во буџетот за 2013 година проектиран е незначителен раст на извозот од 5,7%, а кај увозот тој ќе изнесува 5,3%.
 раст на градежништво                   3,5%
индустриско производство            2,3%
бруто инвестиции                               6%
лична потрошувачка                     1,5%
 
Предлог буџетот за 2013 година, владата сега треба да го достави до Собранието, каде се очекува жестока расправа помеѓу пратениците и евентуално негово дополнување со по некој амандман. За експертите растат само задолжувањата Поранешниот министер за финансии, Никола Поповски во разговор за телевизијата 24 Вести вели дека  она што е значајно сега од првично проектираниот буџет е што расте, дефицитот и тоа значително на 3,5% од БДП. „Ако го мериме растот на дефицтот од 2,5% до 3,5% тоа е 40%  пораст. Ова значи дека задолжувањето на земјата ќе се зголеми за 40%. Порастот на економијата е со 2% во услови кога оваа 2012 година растот на економијата се очекува да биде помеѓи 0% и -1%, што значи дека растот во 2013 ќе биде во однос на 2012 година, така што во 2013 година не треба да очекуваме ништо. Сега дури ни оптимистите, оние лажни оптимисти од политички причини сега самите кажуваат дека 2013 ќе биде изгубена година“, изјави Поповски, кој исто така не верува во ветувањата на владата во делот на капиталните инвестиции. „Мислам дека во однос на оваа Влада не треба да се има репер за нејзиното однесување што таа предвидува и што зборува, туку само што реализира. Во рамките на инвестициите во изминатите седум години колку што се власт имаат изградено само едно парче автопат од Табановце до Куманово во должина од околу 7-8км, ниту изградено ниту пола метар пруга, нитуеден хидроенергетски или термоенергетски објект, така што, едноставно не е за верување дека сега ќе ги пренасочат инвестициите од Скопје 2014 во енергетика или инфратсуктура, они ќе се фокусираат да го завршат тоа што го ветиле“, изјави за телевизијата 24 Вести, Никола  Поповски, поранешен министер за финансии. И.М.                    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување