19 Декември, 2025
0.0433

Половина од европските работници сметаат дека стресот на работното место е вообичаен

Објавено во: Мои пари 07 Април, 2014 13:12

Добивај вести на Viber

Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) денеска ја започна двогодишната европска кампања: „Здрави работни места - управување со стресот“. Големите размери на стресот поврзан со работното место во Европа се застрашувачки. Најновата пан-европска анкета на EU-OSHA откри дека 51% од работниците сметаат дека стресот поврзан со работата е вообичаен на нивното работно место, а 4 од 10 работници мислат дека во нивната организација не се справуваат успешно со стресот. Меѓутоа, работодавачите и работниците заедно можат успешно да управуваат и да го спречат стресот поврзан со работата и психосоцијалните ризици. Кампањата „Здрави работни места“  е насочена да им помогне на компаниите да го сторат токму тоа. Почетокот на кампањата ги здружи комесарот на ЕУ за труд и социјални работи Ласло Андор, грчкиот заменик министер за труд, социјална сигурност и социјална грижа Василис Кегкероглу, како претставник на грчкото претседателство со Советот на ЕУ, и директорот на EU-OSHA, д-р Криста Седлачек. Тие ги повикаа европските претпријатија (приватни и јавни) да ја препознаат потребата за решавање на стресот поврзан со работата. На тој начин, тие ќе го заштитат здравјето на своите вработени и продуктивноста на своите организации. „Управувањето со стресот поврзан со работата е еден од камен-темелниците за обезбедување на здравјето, безбедноста и благосостојбата на европските работници. Работните места не можат да си дозволат да го игнорираат стресот на работното место, кој го зголемува отсуството од работа и ја намалува продуктивноста. Позитивната работна средина е важна не само за подолг работен век на работниците, туку и да им овозможи на работниците, откако ќе се пензионираат, и понатаму да останат во добро здравје. Уверен сум дека новата кампања на EU-OSHA за стресот и психосоцијалните ризици при работа значително ќе придонесат во остварувањето на оваа цел“, истакна еврокомесарот Андор. „Кампањата „Здрави работни места - управување со стресот 2014-2015“ е одлична можност да се промовира потребата за европските работни места ефикасно да се борат против психосоцијалните ризици и стресот на работното место. Кампањата ја обезбедува потребната поддршка и дава насоки за работодавачите, директорите, работниците и нивните претставници“, додаде Кегкероглу. „И покрај зголеменото присуство и трошоците од стресот на работното место, сè уште владее значително недоразбирање и чувствителност за истото – истражувањето ESENER на EU-OSHA покажа дека над 40% од работодавачите сметаат дека е потешко да се управува со психосоцијалните ризици отколку со „традиционалните“ ризици за безбедноста и здравјето при работа. Стресот поврзан со работата е организациски проблем и потребно е истовремено да го решаваат и работодавачите и работниците кои работат заедно“, нагласи Седлачек. Кампањата „Здрави работни места“ сака да прикаже дека психосоцијалните ризици можат се решаваат на истиот систематски начин како и секој ризик за безбедноста и здравјето при работа. Нејзината цел е да ја поттикне употребата на едноставни алатки кои ќе им помогнат на организациите ефикасно да управуваат со овие ризици и на тој начин да ги истакнат позитивните ефекти. Кампањата ги поканува на учество сите организации и поединци на локално, национално и европско ниво, а истата ќе биде координирана на национално ниво од страна на националните EU-OSHA focal points во повеќе од 30 европски земји и со поддршка од официјалните партнери на кампањата – паневропските и мултинационалните организации и медиумските партнери на кампањата. Кампањата е поддржана и од Претседателствата на Советот на ЕУ, Европскиот парламент, Европската комисија и европските социјални партнери. Кампањата „Здрави работни места - управување со стресот“ ќе трае две години, а ќе вклучи стотици организации од цела Европа, вклучувајќи низа активности како што се: обуки, конференции и работилници, конкурси за постери, филмови и фотографии, квизови, предлог шеми, рекламни кампањи и прес конференции. Клучна активност во календарот на кампањата се Европските награди за добра практика, која ќе биде лансирана на 15 април. Се поттикнува доставување на апликации од сите европски организации кои успешно ги спроведуваат мерките за намалување и елиминирање на стресот.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза