Помина и нацрт амандманот за измена на Уставот во Преамбулата
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2018 19:39
Помина попладнево и вториот нацрт амандман за уставни измени во собраниската Комисија за уставни прашања.
Имаше девет гласа „за“ и седум „против“. Со вториот нацрт амандман за измена на Уставот во Преамбулата на највисокиот правен акт одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор.
За опозицијата со вториот нацрт амандман се бришат најважните државотворни документи за македонскиот народ.
Власта тврди дека предлогот е добар и прифатлив.
Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров во обраќањето пред членовите на собраниската комисија изјави дека е мошне важно за вакви прашања да постои отвореност и подготвеност за дијалог.
„Врз основа на Договорот се утврдува меѓусебната постоечка граница меѓу Репбулика Македонија Република Грција како неповредлива меѓународна граница, при што се презема реципрочна обврска ниту една од двете држави да нема некакви претензии кон кој било дел од територијата на соседната држава, ниту пак претензии за промена на нивната меѓусебно постоечка граница. Двете држави исто така се обврзаа дека нема да поддржуваат претензии од трети страни во однос на неповредливоста на нивната заедничка граница", вели Димитров.
На денешната седница е отворена и расправата за третиот нацрт амандман. Меѓутоа расправата по него ќе продолжи утре во 11 часот.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




