Пониски цените на производителите на индустриски производи
Објавено во: Економија 13 Септември, 2013 14:44
Продажните цени на производителите на индустриски производи и на домашниот и на странските пазари бележат намалување.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,8 отсто на месечно ниво, а за 1,4 отсто на годишно ниво. Пониски се во групата Капитални производи за 2,0 отсто, во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто, во групата Енергија за 0,8 отсто, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 отсто.
Во август 2013, во споредба со август 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Капитални производи за 4,9 отсто, во групата Енергија за 3,0 отсто, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 2,2 отсто и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 2,1 отсто.
На странските пазари цените се пониски за 3,1 отсто на месечно ниво, а за 3,9 отсто на годишно ниво.
Во јули 2013, во споредба со јуни 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 2,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 3,7 отсто.
Во јули 2013, во споредба со јули 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5,6 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 4,9 отсто.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




