ПОПОСКИ НАЈАВУВА СЕДУМ ПЕКОЛНИ ДЕНОВИ, НЕ ЧЕКААТ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 40 СТЕПЕНИ: Африканскиот бран повторно во Македонија
Објавено во: Македонија 20 Август, 2023 09:21
Метеорологот
Славчо Попоски најавува дека следните седум дена во Македонија ќе имаме
температури и до 40 степени.
Под влијание на многу топла и стабилна воздушна маса од југ (северна Африка), од денес, па во следните шест до седум дена времето во Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде ветровито овие неколку денови, односно ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Наутро температурите на повеќе места ќе останат околу, па и над 20 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интевалот од 31 до 40 степени.
Во Скопје и околината ќе биде многу топло со ветер од северен правец, и истиот повремено ќе биде засилен на интензитет. Минималната температура ќе се спушта во интервалот помеѓу 19 и 21 степен, додека максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 37 степени.
Следните ноќи кај нас, и тоа особено во централните и во југоисточните предели, како и во Скопската котлина ќе бидат “Тропски”, кога температурите нема да паѓаат под 20 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност, (вредност 8). Токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат што повеќе течности.
НАПОМЕНА: Овој топлотен бран и не е толку екстремно топол како првиот, кога имавме екстремно високи температури од над 40 степени, и екстремно висок Ув индекс кој имаше вредност 10.
ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKIМожеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




