17 Декември, 2025
0.0516

Поповски-Мекилван: Реформскиот процес ќе продолжи

Објавено во: Македонија 26 Април, 2018 08:54

Добивај вести на Viber

Министерот Роберт Поповски задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност во Лондон имаше официјална средба со Фиона Мекилван, раководител за Западен Балкан во МНР на Велика Британија. На средбата е утврдена  чистата и недвосмислена поддршка на британската влада кон реформските процеси во Република Македонија.

Реформскиот процес кој го започна Македонија е оценет како исклучителен, а утврдено е дека истиот ќе продолжи и во наредниот период. На состанокот беше дискутирано за тоа дека реформите се долг процес кој мора да се спроведе соодветно со цел да не се повторат грешките од минатото.

Министерот Поповски на средбата ги издвои реформските процеси спроведени од Планот 3-6-9, со најава на Планот 18, а посебно ги посочи концептот за отворена влада, транспарентност и отчетност како принципи кои ги практикува владата. Како што рече Поповски, Владата на Република Македонија поставува стандарди како за постојната администрација, така и за сите следни влади.

Заеднички е констатирано дека заробената држава е состојба од минатото која интензивно се менува, за што е неопходно реформите да продолжат со ист силен интензитет.

Според Мекилван, Македонија е добар пример за Западен Балкан и покажува дека со храброст и политичка посветеност промените се реалност.

Раководителката за Западен Балкан Мекилван, министерот Поповски, советникот на премиерот Марјан Забрчанец и портпаролот Миле Бошњаковски, на средбата изразија задоволство од поддршката која Сервисот за комуникации на Велика Британија ја обезбедува за Комуникацискиот сервис на Владата на Република Македонија и заеднички заклучија дека владините односите со јавност во Македонија се во функција на транспарентноста, градење на сервисни комуникациски алатки, како и социјалните промени кои се неопходни за општеството.


Можеби ќе ве интересира

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме