Поради еден заразен Кинезите тестираат пет милиони луѓе
Објавено во: Свет, Корона Вирус 26 Октомври, 2020
Поради еден заразен со коронавирусот, Кинезите тестираат пет милиони луѓе во еден град.
Кина повторно ќе направи масовно тестирање на цел град откако коронавирусот се појави во провинцијата Ксинџијанг. За два дена ќе се знаат резултатите.
Околу 4,7 милиони луѓе во градот Кашгар се тестираат, а досега се откриени 137 асимптоматски случаи, објави Би-Би-Си.
Училиштата се затворени, а на жителите им е кажано да не излегуваат од дома додека не добијат негативен тест.
Провинцијата Ксинџијанг е дом на мусиманското малцинство Уигур во Кина.
Првиот случај во Кашгар била жена која работела во фабрика за облека и која била асимптоматска. Жената е откриена при рутинска проверка пред 10 дена. Масовното тестирање кое почнало во саботата открило 137 асимптоматски случаи досега. Во Кина 85.810 луѓе биле заразаени со коронавирусот, а бројот на починати е 4.634.
Месецов, градот Кингдао ја тестираше целата популација од 9 милиони жители. Во мај, Кина тестираше 11 милиони жители на Вухан, каде за првпат беше регистриран новиот вирус.
Во светот има 43.4 милиони луѓе заразени со коронавирусот.
фото ЕПА
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.