Поради скандалот со секс кампот Првиот скопски извиднички одред е суспендиран
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2021
По скандалот со извидничкиот секс камп, за кој имаше сериозни реакции од родителите на учесниците, Сојузот на извидници го суспендираше Прв скопски извиднички одред. Конечна одлука за евентуалните дисциплински мерки ќе донесе нивното Собрание, зависно од резултатите на истрагата.
Обвинителството отвори истрага за овој случај, но и Народниот правобранител. Родители се жалеа дека ги терале децата да симулираат секс пози, да кажуваат колку секс партнери имале, да набројуваат имиња на фирми за производство на кондоми додека биле на кампот. Тие се правдаа дека децата погрешно ги разбрале игрите.