17 Декември, 2025
0.0392

ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР, СЕГА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДЗОРЕН - Доне Таневски го окрупнува капиталот во „Македонијатурист“, сега има 22,21 проценти од акциите

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2024 14:29

Добивај вести на Viber

Поранешниот долгогодишен директор на Македонијатурист Доне Таневски, а сега претседател на Надзорниот одбор на компанијата, бил купувачот на акциите кои поминаа на последните две блок трансакции со акции на таа компанија.

Барем таков впечаток може да се добие од денешната објава на Берзата.

„Известуваме дека Доне Таневски, Претседател на Надзорен Одбор на Македонијатурист АД Скопје, се стекна со 3.199 обични акции издадени од Македонијатурист АД Скопје и сега поседува 100.448 обични акции, односно 22,21 отсто“, се вели во објавата од „Македонијатурист“. 

А, на последните блок трансакции кои со акциите на „Македонијатурист“ се случија минатата недела, поминаа два блока на оваа компанија, и тоа во едниот се продадоа 1.015 акции по цена од 6.300 денари за акција, а втората беше 1.152 акции, за сума од 6.500 денари за акција.

Или, тоа значи дека на двата блока поминале 2.167 акции. Претходните денови исто така имаше блок трансакции, и нивната заедничка количина надминува 3.000, што значи дека во сите денови купувачот бил Доне Таневски. 

А, под претпоставка цената да е 6.500 денари за акција, излегува дека тој за новата количина платил 338 илјади евра. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи