Поранешен пратеник на СДСМ со три компании за производство на електрична енергија за еден месец
Објавено во: Економија 18 Март, 2022 07:30
Поранешниот пратеник на СДСМ, Драган Ѓорѓиев од Ново Село, во екот на „зелената транзиција“ ја регистрираше и третата компанија за еден месец за производство на електрична енергија во кои тој е ко-сопственик.
„Грин Енерџи Груп“ со седиште во Битола е регистрирана заедно со Атанас Јанушев од Ново Село како и со уште двајца косопственици, а Ѓорѓиев е еден од двајцата управители.
Претходно Ѓорѓиев пред еден месец ја регистрираше „Пелагонија Солар“ со седиште во Карпош во кои тој е сопственик заедно со уште двајца партнери, од кои едниот е физичко лице од Аеродром а другиот првно лице од Карпош, додека именуван управител е трето лице.
Втората инвестиција во истиот период е „ДГД Електроволт“ регистрирана во Струмица. Ѓорѓиев е ко-сопственик заедно со сосема други две физички лица од Берово и Ново Село, додека еден од двата управители е трето лице од Василево.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во 2020 го посочи Ѓорѓиев како еден од сопствениците на објект за марихуана во Босилово кој наводно бил изграден спротивно на закон, односно прво бил изграден па потоа легализиран со амин на поранешниот премиер Зоран Заев, како негов некогашен сопартиец од собранискиот состав, а ортак во овој случај му бил горенаведениот Атанас Јанушев.
Ѓорѓиев беше пратеник во македонскиот парламент во собранискиот состав 2002-2006, кога исто така и Заев беше своевремено народен претставник. Тој е дипломиран електро инженер. Пратеник стана како бизнисмен сопственик на приватна фирма Мастер - Дооел.
Засега нема податоци колкав е потенцијалот на овие инвестиции, ниту на кој начин ќе се произведува електричната енергија.
Можеби ќе ве интересира
РКЕ ЌЕ ТРОШИ ПОВЕЌЕ ПАРИ СЛЕДНАТА ГОДИНА – ќе ги зголемат надоместоците за лиценци, но ќе рипне и трошокот за плати
Работа од дома: Ги покажуваме нашите способности дури и кога не сме во канцеларија
УКРАИНА СЕ ОСЛОБОДУВА ОД НЕА: Копејката оди во историјата
Словачка и Украина ќе увезуваат американски течен природен гас?
НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Дали одењето во ресторани е луксуз?
Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора
ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ПЛАНИРА ГОЛЕМ РЕЗ - Нисан ќе го продаде седиштето, ќе отпушти 15 проценти од вработените
Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8





