16 Декември, 2025
0.0418

Поранешната пратеничка Ременски се потсетува на малешевските тави - објави примамливи фотографии за гурмани

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2020 11:19

Добивај вести на Viber

Професорката и поранешната пратеничка и потпретседателка на СДСМ Фросина Ременски, на јавноста повторно и ја открива својата исто така голема пасија, готвењето.

Таа денеска преку фејсбук се потсети на приготвувањето на Малешевските тави, што се случило исто така на 15 септември, пред една година.

На својот фејсбук профил Ременски сподели примамливи фотографии од неколку Малешевски тави, на кои дури и преку фотографиите, никој не може да им одолее. 

Но, како што е познато, Ременски во моментов води и една тешка битка, а тоа е процесот за случајот Рекет 2, во кој е една од обвинетите. 

Како што веќе е познато, во јануари годинава Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение за случајот Рекет 2. Првообвинет во случајот е Бојан Јовановски, а обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, Јасна Мандиќ, Христина Блажевска, како и пратеничката Фросина Ременски.

Како што тогаш соопшти Јавното обвинителство, со дејствијата опишани во обвинението за кривичното дело „измама“ се товарат првоосомничениот, а три лица се обвинети за помагање во извршувањето на истото кривично дело, воедно за кривичното дело „измама“ е обвинето и правното лице. „Третообвинетата со својот углед и авторитет го поддржувала првообвинетиот на средбите со оштетените, давајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите“, се наведуваше во соопшението од Обвинителството.

По увидот на доказниот материјал против неа за случајот со Меѓународниот сојуз, Рекет 2, рече дека видела се, освен докази. „Јас го остварувам моето право согласно законот. Не би коментирала за доказите бидејќи тоа е надлежност на институциите. На сите прашања ќе одговорам кога ќе дадам исказ пред обвинителство“, рече Ременски. Таа додаде дека немало нејзин потпис на ниту еден документ доставен како доказ во обвинителството. 

Неодамна, на последното рочиште за случајот „Меѓународне сојуз“, Ремексни побара да биде исклучена јавноста од следењето на полициските снимки од претресот на нејзиниот дом. На снимките кои ги направило обвинителството, според обвинетата, ќе се види дека кај неа било упаднато незаконски, во момент кога сопствениците не биле дома.

Професорката преку снимката го оспорува претресот кој беше извршен за време на истрагата за случајот „Меѓународен сојуз“, затоа што, како што вели обвинетата, не била дома кога тој се спроведувал.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење