17 Декември, 2025
0.0363

Поранешниот француски претседател Саркози приведен под сомнение за корупција

Објавено во: Свет 01 Јули, 2014 11:07

Добивај вести на Viber

Екс-претседателот на Франција Никола Саркози се појави утрово во полициска станица за да биде испитан по обвиненијата за корупција, потврдија француските истражни органи. „Саркози бил повикан во Нантер и задржан заради испрашување“, навел анонимен извор за Ројтерс. Рано утрово Саркози сам пристигнал во полиција на распит поврзано со неговите канцеларии во предградието Нантер, западно од Париз. Вчера бил задржан и неговит адвокат. Истражните органи настојуваат да утврдат дали Саркози, со помош на адвокатот Ерзог, се обидел од еден судија да извлече доверливи информации за „аферата Бетанкур“, во која е инволвиран поранешниот шеф на француската држава, и да влијае на текот на судењето. На распит е повикан и судијата Гилберт Азиберт. „Аферата Бетанкур“ е случај во кој Саркози е обвинет за нелегално собирање пари за предизборната кампања во 2007 година од најбогатата Французинка, сопственичката на компанијата „Лореал“ Лилијан Бетанкур. Истражителите се сомневаат дека Саркози знаел дека неговиот мобилен телефон го прислушкуваат судиите кои работат на случајот поврзант со незаконито финансирање на неговата изборна кампања.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави