Поранешниот функционер Стефан Богоев отвори фирма, ќе биде консултант
Објавено во: Економија 14 Октомври, 2025 11:00
И Стефан Богоев, еден од поранешните профилирани функциoнери на минатата власт, реши да се испроба како самостоен бизнисмен, следејќи го примерот на своите колеги-раководители кои сега се претприемачи.
Поранешниот пратеник, градоначалник на Карпош и директор на Царинската управа од минатата недела е основач на „Лукас Смарт Солушнс“, со дејност „советување во врска со работењето и останато управување“, а Богoев вели дека ќе биде консултант за правни и физички лица.
- Веќе ме бараат многу лица и очекуваат да им помогнам во управните спорови и други слични проблеми. Ја познавам легислативата како поранешен пратеник, урбанизмoт и i локалната самоуправа знам како функцинераат како поранешен градоначалник, а една година бев и директор на Царина и предизвиците со работењето во оваа област можеш да ги разбереш само ако директно си бил вклучен таму, ни рече поранешниот функционер на СДСМ.
Тој беше поранешен претседател на социјалдемократската младина, еден од потпретседателите на СДСМ и директор на Центарот за истражување и анализа на партијата . Во моментов има 36 години, а за време на претходната власт беше еден од најмладите функционери.
- Во моментов немам работно место и мојата професија ќе биде консултант. Може некој ќе рече дека сум можел да останам некаде „сокриен“ и вработен на државна сметка, но јас тоа не би го дозволил. Затоа сега продолжувам понатаму со лични иницијативи, вели Богоев.
Неговата последна функција беше директор на Царинската управа која заврши пред 15 месеци. Додава дека во меѓувреме не добивал апанажа, но смета дека му следува, а тоа го предизвикало да поднесе и жалба.
Богоев е еден од низата на поранешни партиско-политички функционери кои по промената на власта основаа свои фирма, како Миле Зечевиќ, Драги Рашковски, Филип Деспотовски и други.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




