19 Декември, 2025
0.0612

Посетителите на ТЦ Зебра добија подарок книга од Тинекс

Објавено во: Мои пари 13 Април, 2014 15:06

Добивај вести на Viber

Вчера посетителите на Т.Ц Зебра, беа дел од големата акција “подарок книга’’ која Тинекс ја организираше за своите верни потрошувачи. Во рамките на кампањата „Читај повеќе – Читај секаде“, писателите Димитар Мирчев, Стефан Влахов Мицов, Велко Неделковски, Раде Силјан, Паскал Гилевски, Иван Чаповски, а заедно со нив и познатиот македонски продуцент и пејач Александар Митевски, имаа средба со посетителите на Т.Ц. Зебра, потпишуваа примероци од познати дела и ги подаруваа на сите оние кои во тој период го посетија маркетот Тинекс или трговскиот центар Зебра. Авторите исто така приредија изненадување со шопинг - количката на мудрости за оние кои пазаруваа во супермаркетот Тинкес. “Навистина е неочекувано додека пазарувам и ја погледнувам листата на намирници кои треба да ги купам, да ми пријде еминентен македонски автор, да ме праша за името и да ми подари книга со посвета. Едноставно супер изненадување од Тинекс’’, изјави еден од граѓаните случајни учесници во акцијата. Проектот на Матица Македонска, „Читај повеќе – Читај насекаде!“ е првиот проект кој успеа да обедини голем број македонски компании околу една цел: да ја покажат својата одговорност кон општеството во кое делуваат, преку промоција на книгата, македонската литература и пред се македонските автори. На саботната акција беа поделени повеќе од 500 наслови од македонски и странски автори.  

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза