16 Декември, 2025
0.0577

ПОСКАПИ ЦИГАРИ: Некои брендови поскапеа за 10%, ценовниот раст ќе продолжи ?

Објавено во: Македонија 13 Април, 2018 10:02

Добивај вести на Viber

Ново поскапување на цигарите. Цената на некои од брендовите се зголеми дури за 10%. Ова пролетно поскапување е во рамките на планираната законска динамика за зголемување на цените на овој акцизен производ. Имено, законската регулатива предвидува раст на цената на цигарите секоја година, најмалку за 4 денари и овој цикулс треба да трае до 2023 година.

Во продавниците во земјава дел од брендовите веќе се продаваат по повисоки цени. Според информации од терен, дел од пратките со нови цени биле испорачани пред неколку денови, а цените во малопродажниот систем се корегирани веднаш потоа, па така веќе од вчера се продаваат по нови цени.

„Да, имаме нови цени за цигарите. Пред еден ден ги внесовме во систем и веќе се продаваат по повисоки цени, корекцијата  е засега  само кај одредени видови на цигари“ - вели вработена во еден од скопските трговски маркети.

Вчера, по нова повисока цена за 10 отсто, цигари купила и една скопјанка.

„Марлборо досега го плаќав 100 денари, а сега чини 110 денари“ - вели Снежана.

Според информациите, за 5 денари е зголемена и цената на дел од брендот „Ронхил“ а нови цени се очекува да има и за дел од брендот „Вест“.

Последното поскапување се случи лани, во април. Тогаш, за пет денари поскапеа цигарите „Вест“ (силвер, ред и вајт),  „Волтер Вулф“ (блек и вајт) и „Ронхил Вејв“ (голд и блек).

Со сегашното темпо на зголемување на цените, одредени брендови можат да поскапат и до 200 денари или 3,2 евра, цена која веќе е присутна во земјите од соседството кои се членки на Европската Унија.  Во Македонија постепеното поскапување на овој акцизен производ се предвиде со Законот за акцизи на цигарите и производите од тутун а почна на 1 јуни 2015 година , кога акцизата се зголеми за 0,15 денари по парче. Дел од парите што ќе се обезбедат наплата на зголемената акциза треба да се вложат во подобрување на здравствената заштита на граѓаните.

По основ на наплатена акциза по сите основи, лани во Буџетот се слеале 375 512 200  евра, и во однос на прокецијата со ребалансот, кај приходите од сите акцизи има потфрлување за 1,05%.   

Поскапите цигари треба да влијаат дестимулативно врз пушењето, особено што македонските граѓани  важат за страсни пушачи, кои пушат и до 20 цигари дневно. Според одредени мерења  потрошувачката на цигари во земјава во последните четири години бележи континуиран пад од 2 до 4 отсто, тренд кој е присутен во Европа изминатите 15 години.  Сега, со новото поскапување на цигарите, а сѐ уште “плиткиот џеб“ на потрошувачите, се очекува зголемување на бројот на граѓани што ќе ги откажат цигарите  или барем ќе да се  намали бројот на консумирани цигари.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“