16 Декември, 2025
0.0436

ПОСКАПИ И ДО 50 ОТСТО: Русите кои бегаат во Србија „ги надуваа“ цените на кириите

Објавено во: Економија 26 Септември, 2022 10:52

Добивај вести на Viber

Од почетокот на рускиот напад врз Украина, покрај луѓето кои бегаат од Украина во страв од војна, се поголем број Руси ја напуштаат својата земја.

Бидејќи нивните можности за патување низ Европа се ограничени поради бројните санкции, Србија е една од дестинациите до кои лесно се стигнува. Засега тоа се претежно луѓе со работни места кои можат да се вршат преку Интернет.

Виолета вели дека со сопругот дошла во Белград кон крајот на мај.

„Мислам дека овде е безбедно бидејќи ситуацијата во Русија е навистина луда, не знаеме што да правиме, не се чувствуваме безбедно. Се грижиме за оние кои се во Русија, се грижиме за нашите животи затоа што немаме ништо овде, дури ни куќа, блиски пријатели или роднини, тие се во Русија. Навистина се грижиме за нив и за мажите кои ќе бидат мобилизирани. Навистина не знаеме што да правиме, беспомошни сме“, наведува оваа Русинка.

Се очекува дека бројот на Русите во Србија би можел да биде уште поголем од почетокот на делумната мобилизација.

„Не се плашам од мобилизација, но се плашев дека ќе ги затворат границите. Авионската карта ја купив вчера, другарите ми помогнаа, а платив околу 500 евра. Не знам колку долго ќе останам овде“, изјави еден руски државјанин.

Агенциите за недвижности забележуваат дека е зголемена побарувачката за опремени двособни и трисобни станови.

„Морам да напоменам дека тоа е главно поврзано со компанијата во која работат, бидејќи таа го повлекува своето работење од Русија или Украина поради неможноста за водење бизнис. Сакам да напоменам и дека покрај руските истото го бележиме, а во некои случаи и поголем број турски државјани кои исто така се повлекуваат од Украина, а тоа е од делот погоден од војната. Во првото барање за станови, руските граѓани бараат краткорочни изнајмувања на станови (од три до шест месеци)“, објаснува Марко Јевтиќ, агент за недвижности.

Во други агенции објаснуваат дека зголемената побарувачка на станови влијаела и на цената на закупнината која скокнала и до 50 отсто. Освен кон Белград, Русите се упатуваат и кон внатрешноста на Србија, а некои од бараните локации се Нови Сад, Врњачка Бања, Ниш.


извор: bizlife.rs

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи