Последниот технички преглед на урнатиот авион бил направен во Бугарија
Објавено во: Свет 27 Март, 2015 07:57
Последниот технички преглед на авионот на „Germanwings“, кој се урна на Француските Алпи, бил направен во Софија минатата година.
Иако последните податоци, се дека е можна намерна несреќа на авионот, останува и хипотезата за техничка неисправност. Според Министерството авионот бил на технички преглед во Бугарија точно пред една година - на 23 март. Сепак ова не е единствениот лет на авионот до Бугарија.
Урнатиот авион поминал главен технички преглед во базата на „Луфтханза техник“ во Софија кој пристигнал од Дизелдорф. Тоа се случило минатата година кон крајот на октомври. Авионот бил таму 8 дена, по што повторно се вратил во Дизелдорф.
Освен основните технички прегледи пред секое полетување секој авион го поминува и таканаречениот „чек“. Тој ја гарантира безбедноста на летот. „Техничкиот состав го прегледува авионот и се вршат задолжителни предполетни проверки“, објаснил Ростислав Бачваров. При појавувањето на екипажот, обично командантот или вториот пилот, а понекогаш и двајцата го прегледуваат авионот.
„На ист начин по завршувањето на летот во т.н. патен дневник, екипажот ги внесува информациите за проблемите за време на летот од техничка природа“, додал Бачваров.
По слетувањето и симнување на патниците техничарите повторно прават задолжителни прегледи. „Тогаш започнува отстранувањето на евентуално присуство на дефекти, означени во дневникот“, прецизира Бачваров. Освен тоа на одреден број слетувања и работа на моторите се прават задолжителни проверки и се се забележува во досието на авионот.
„Техничкиот персонал кој се грижи за авионот, исто така, мора да биде лиценциран. Тие поминуваат на соодветна обука за секој тип на авион“, објасни Бачваров. Иако инцидентите настанати при самиот лет се статистичка категорија: веројатноста да загинеш во авионска несреќа е 1 до 25 милиони.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави






