„ПОСЛЕДНО, ПА МАШКО“, ЦЕНАТА БЛАГО СЕ СМИРИ, АМА ПОМИНА БЛОК ОД 100 ИЛЈАДИ ЕВРА - инвеститорите во трка за акции на Комерцијална банка
Објавено во: Финансии 15 Јуни, 2024 14:23
Дали спласна бурата со акциите на Комерцијална банка, или вчерашниот петочен ден беше само благо затишје, осгтанува да ни покаже претстојниот понеделник.
Но, според она што се случи вчера, а беше на Берзата објавено доцна попладнето, тешко е дека станува збор за некакво посериозно смирување. Имено, акцијата на Комерцијална банка и натаму ќе биде „нумеро уно“ за инвеститорите, бидејќи е јасно дека се бара акција повеќе од ова акционерско друштво.
А, вчера инвеститорската јавност сведочеше на нова блок трансакција со акциите на Комерцијална банка, со вредност од близу 100 илјади евра. На познат купувач, за кого сега не знаеме кој е тој, се продадоа 269 акции по цена од 21.500 денари за акција, или вкупната вредност на зделката беше 94 илјади евра. Значи, некој одеднаш плати толку пари за да купи или докупи пакет од 269 акции.
За волја на вистината, тоа е помалку од завчерашниот пик кој го достигнаа акциите на Комерцијална банка, и изнесуваше 21.935 денари.
Вчера и на редовното тргување имаше благо смирување на цената. Таа се позиционираше на просечни 21.727 денари, а помина исто така прилично солидна количина, од 599 акции.
Ова качување на цената на Комерцијална беше причина Фактор да се запраша што се случува со цената на акцијата на Комерцијална банка. Иако е факт дека цената на таа хартија од вредност и од порано постојано оди нагоре, и е убедливо најтргувана акција според берзанскиот промет, неминовен е впечатокот дека последниве денови акцијата на Комерцијална банка фантастично растеше и се вивна во нестварни височини.
Па така, ако во вторникот акцијата на Комерцијална банка затвори со цена која и онака е висока, односно 20.463 денари за акција, веќе во средата цената се искачи вртоглаво на 20.992 денари, а веќе вчера нов фантастичен скок, или една акција чинеше дури 21.935 денари.
Или, за да се направи подобра споредба, може само да се каже дека пред околу десетина дена, конкретно на 3-ти овој месец, една акција на Комерцијална банка се продаваше по цена од 18.159 денари, за оттогаш па наваму линијата на нејзиниот раст да стане речиси вертикална, и вчера да се доближи до 22 илјади денари.
Значи, инвеститорите вложуваат прилично „запалено“ во акциите на Комерцијална банка.
Точно е дека банката е екстра профитабилна, најголема банка во земјава, точно е дека дели одлични дивиденди, како и дека има доста разновидна и недефинирана сопственичка структура, што секогаш е мотив повеќе кај вложувачите, но сепак, се интересиравме кај наши извори во банката, дали има нешто што пошироката јавност можеби не го знае, некоја можна зделка или друг тригер, кој направи инвеститорите буквално да „полудат“ по акции на Комерцијална банка.
Наши извори во банката велат дека нема некоја сериозна информација која би можела да го предизвика овој раст на цената.
„Се што имаме како новина, транспарентно го објавуваме на Берзата“, велат за Фактор извори од Комерцијална банка.
Н.Н.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





