Постоловска: Загриженоста поради инфлацијата граѓаните да ја прифатат како реалност, а не како лична закана
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2022 06:57
Бранот поскапувања кој ја зафати Македонија ќе се одрази и на психолошката состојба на граѓаните, посебно на оние кои и претходно едвај врзувале крај со крај.
Психологот Јаворка Постоловска вели дека во услови на инфлација, граѓаните ќе мора да се откажат од некои свои планови и задоволства со цел да ги подмират егзистенцијалните потреби.
„Секако дека ќе се одрази врз психата на луѓето помалку или повеќе во зависност од самата структура на личност, возраст или социјална категорија. Сигурно ќе доведе до покачена анксиозност и страв за начинот на живеење, реализирање на некои замислени планови или обврски кои се неодложни или можеби и од животно значење( лекување или слично.) Во склад со тоа, една од можностите за ублажување на овој продолжен стрес, голем дел од луѓето ќе бидат и приморани да кратат од некои секојдневни потреби или навики како патувања, одмори и слично како секундарна животна потреба, со цел да се задоволат најприоритетните потреби. Најпогодени категории секако се оние без сигурни финансиски примања, невработени и со минимални примања, пензионерите и повозрасните лица кои не се во состојба да обезбедат дополнителни средства за пополнување на празнината направена со растечката инфлација, болни луѓе кои имаат задолжителни давачки за лекување“, вели психологот.
Додава дека граѓаните треба да ја прифатат реалноста, и да не ја доживуваат како личен пораз.
„Нема голем избор на начини за помош, а тој избор е поврзан со разликите од човек од човек како што кажав на почетокот. Единствено што е најлесно секој еден човек што се соочува со проблемот на загриженост поради инфлацијата е да го прифати како реалност, а не како лична закана со која индивидуално треба да се справува што може да предизвикува и чувство на намалена самодоверба. Многу битна работа е претходното искуство во справувањето со стресни состојби и покрај тоа што секој нов проблем си има и нови компоненти и последици, но сепак е битен начинот на размислување, за да се сочува личноста од паѓање во депресија и откажување од борба и надеж, дека и тоа ќе помине како и претходни проблеми кои на почеток изгледаат заканувачки, а после со нивно прифаќање и живеење со нив, стравот спласнува. Ништо не е вечно, па ни нашите проблеми! И по најтемната ноќ, изгрева сонце!“, додава Постоловска.
Скокнаа цените на горивата и храната. Граѓаните се исправени пред ценовен шок, а наскоро ќе се зголеми и цената на струјата. Во маркетите веќе забележале дека повеќето граѓани ги купуваат само неопходните намирници.
Лекарот Ненад Лазаров кој истовремено е сопственик на приватната ординација „Медика Вера“ на својот Фејсбук профил сподели информации дека вчера до 8.30 часот издадени се 1.150 кутии дијазепам, а оваа бројка до 11 часот е зголемена на 6.200 кутии.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина




