Потона брод со 500 африкански мигранти
Објавено во: Свет 15 Септември, 2014 16:05
Брод со 500 африкански емигранти, кои се обидувале да дојдат до европскиот брег, потонал кај либискиот брег. Досега се спасени 36 лица, а се стравува дека повеќето се удавиле, соопшти Меѓународната организација за миграции (IOM).
Портпаролот на либиската морнарица Ајуб Касим за АФП изјавил дека од бродот се спасени само 36 емигранти, вклучувајќи три жени.
Двајца палестинци кои од водата ги извлекол италијански брод, рекле дека на бродот се наоѓале околу 500 лица.
Касим изјавил дека бродот потонал во близина на Таџуре, источно од престолнината Триполи.
„Има многу безживотни тела кои пливаат во морето“, рекол тој, додавајќи дека крајбрежната екипа не е доволно опремена за да трага по преживеаните.
Оваа несреќа доаѓа само неколку седмици откако еден древен брод, на пат за Италија, потона пола милја далеку од либискиот брег.
Во таа несреќа загинале најмалку 100 лица.
Мигрантите од северот на Африка, повеќето од Либија, ја напуштаат земјата обидувајќи се да дојдат во Европа, а многумина од нив се упатуваат кон Италија.
Во текот на оваа година повеќе од 100.000 емигранти дошле до италијанскиот брег.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




