ПОТОНАА АКЦИИТЕ И ВО МАКЕДОНИЈА: Прекинато па продолжено тргувањето
Објавено во: Економија 24 Февруари, 2022 13:50
Потона цената на акциите и на Македонска берза. Поради силниот пад, Македонска берза во 12:23:05 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 30 минути, по што купувањето и продажбата продолжија во 12:54:00 часот.
„Прекинот на тргување е направен со оглед на тоа што индексот забележа пад од 8,39 проценти, имајќи предвид дека статичките ценовни лимити изнесуваат +-10%. Официјализација на денот на тргување ќе биде во 14:30 часот, соопштија од берзата.
Според правилата на тргување доколку индексот во кои влегуваат најликвидните компании падне под или над седум отсто до 11.45 часот, тргувањето се прекинува во траење од еден час. Акое по овој термин се носи одлука за прекин од половина час.
Моментно цените на акциите на најмоќните компании се паднати до дозволениот максимум односно повеќето губат и по 10 отсто или нешто под овој процент.
Од Македонска берза велат дека се следи ситуацијата.
Брокерите со кои разговаравме велат дека ова е очекувана реакција на инвеститорите со оглед на војната во која с еразбуди светот утрово. Русија ја напдана Украина, а на пазарите влегоа буквално го еден од најголемите падови.
Сепак дел од познавачите велат дека можно е брзо ситуацијата да се смири, но дека се ќе зависи сепак од актуелниот развој на настаните во конфликтното подрачје. Велат дека во криза и кога се ниски цените, акции се купуваат, за на среден рок да се има и поголема заработка на овие акции. Панично продавање не е препорачливо.
„Акутуелната ситуација секако придонесе за пад на цената на акциите и на Македонска берза, што е и очекувано. Компаниите имаат одлични економски перформанси и треба да се размислува оптимистички па може да се очекува првичниот негативен притисок да се намали и цените да се коригираат нагоре. Инаку во кризи и на ниски цени секако е добро да се купуваат акции, а не да се продаваат, вели Васко Митев директор на Илирика Инвестментс во Македонија.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати
Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце
Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува
Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата
Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми
ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат
Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања





