Потпишан договор за взаемно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Црна Гора
Објавено во: Мои пари 15 Септември, 2014 15:27
Денеска делегација од Министерството за внатрешни работи предводена од министерската Гордана Јанкулоска беше во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, при што министерката Јанкулоска црногорскиот министер за внатрешни работи Рашко Коњевиќ.
Средбата беше искористена за потпишување на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора за заемно признавање на возачките дозволи. Договор со којшто значително ќе им се олесни движењето и претстојот на граѓаните на двете држави кои по било која основа престојуваат или транзитираат на државните територии на двете земји, информираат од МВР.
Исто така, денешната средба меѓу министрите за внатрешни работи претставуваше можност да се разговара за унапредување на соработката во рамки на евроинтегративните процеси на двете држави, потоа за борбата против тероризмот во регионални и глобални рамки, борбата против организираниот криминал, а Јанкулоска и Коњевиќ ги потврдија и заедничките заложби за што поактивно учество во низата регионалните иницијативи во кои членуватаа двете земји.
Министрите на својата средба се согласија и за организирање заеднички обуки за припадниците на министерствата за внатрешни работи, како и низа заеднички оперативни активности меѓу полициските органи и нивно заедничко учество во регионални и меѓународни истраги.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави




