Потпретседателката на Бугарија: Најверојатно постои проект за надминување на спорот со Северна Македонија на 17 ноември
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2020 10:04
Илијана Јотова, потпретседателката на Бугарија, во утринското гостување на бугарската национална телевизија рече дека најверојатно постои изработен проект за надминување на несогласувањата со Северна Македонија на 17 ноеври.
На овој клучен датум министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе треба да одлучат со консензус дали ќе биде прифатена преговарачката рамка со која Македонија ќе треба да ги започне преговорите за прием.
Јотова, која инаку е од редовите на бугарската опозиција заедно со претседателот Румен радев, тврди дека спротивно од тврдењата на бугарските власти, Софија е под постојан притисок од Брисел да не става вето на одобрувањето на преговарачката рамка со што ќе се овозможи до крајот на годината Скопје да започне со првата меѓувладина конференција.
„Мислам дека бугарската влада не ја зборува целата вистина последните денови. Веројатно постои проект што ќе биде предложен на состанокот на министрите за надворешни работи на 17 ноември “, истакна таа во врска со одбивањето Скопје да преговара за пристапување кон унијата без расчистување на билатералните прашања.
Според потпретседателката, Бугарија е под притисок за „компромис“, иако таа смета дека Софија не треба да се повлече од своите позиции.
„Едно е да имаме венци, прегратки пред спомениците, друго е цврста позиција на Бугарија “, додаде таа.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




