19 Декември, 2025
0.0935

Потресно сведочење на девојката на Саздо, стравува за својот живот

Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2018 14:12

Добивај вести на Viber

Девојката на навивачот кој бешпе претепан до смрт Никола Саздовски сведочепе денеска во Кривичниот суд, но поради видна вознемиреност кај малолетничката, беше решено да се исклучи јавноста, односно да дава исказ без присуство на медиуми.

Претходно таа рече дека и се јавувале на мобилен телефон и дека добивала закани.

„Ми се јавија на телефон во училиште, не знам кој ми се јави“, рече девојката.

В.Б. беше видно вознемирена. Таа стави капа на главата и кажа дека добивала закани преку телефон. Судијката ја натера да ја симне капата, по што нејзиното сведочење беше прекинато за да реши судечкиот совет дали таа ќе сведочи јавно. По кратката пауза судењето продолжи без присуство на јавноста.

Претходно таа запрашана од судијката Даниела Алексовска-Стефановски дали имала закани од некого во однос на сведочењето за настанот, одговори позитивно.

Девојката на Саздовски е прв сведок кој треба да даде исказ за убиството на Никола Саздовски, таа била присутна на лице место кога се случил нападот.

Малолетниот сведок, согласно со ЗКП, ќе даде исказ пред судот со присуство на родител.

Судот по барање на обвинителството и адвокатот на семејството на Саздовски, Ванчо Шехтански, одлучи да ја исклучи јавноста за време на сведочењето на девојката на Никола Саздовски за нападот врз 20-годишниот член на навивачката група „Комити“ кој поради тешките повреди почина на КАРИЛ 10 дена по немилиот настан.

Обвинетите Бесим Беља и Скендер Демири денеска во Кривичниот суд се изјаснија дека не се чувствуваа виновни за убиство на свиреп начин на Никола Саздовски.

Јавниот обвинител Ангел Фидовски рече дека ќе докаже дека двајцата обвинетите заедно со третообвинетиот, кој е во бегство, со умисла го лишиле од живот Никола Саздовски на начин што на 29.6.2018 на автобуската кај „Алкалоид“ го претепале нанесувајќи му смртни повреди. Тие му побарале лична карта и го прашале дали тој е Саздо. Тој потврдил и почнале да го тепаат по што Саздовски паднал на тротоарот, а обвинетите без милост со клоци продолжиле да го удираат по глава и градите. Саздовски бил префрлен на КАРИЛ, каде му била констатирана мозочна смрт, а на 9 јули починал.

Обвинителот рече дека ќе докажат дека обвинетите го сториле убиството за што имаат сведоци, но и вешти лица од судска медицина кои правеле обдукција на телото на Саздовски.

Во воведен говор адвокатот Насер Руфи рече дека обвинетиот Беља немал никаква намера, ниту умисла да го лиши од живот Саздовски и додаде дека ќе докажат дека единствена причина за смртта која настапила е поради металната кутија на ЕВН која се наоѓа на автобуската постојка.









Можеби ќе ве интересира

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило