04 Мај, 2024
0.0254

Потценување на интелигенцијата на народот

Објавено во: Економија, Колумни 21 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Проектот „Купи куќа, купи стан“, се‘уште не е завршен (аплицирањето е отворено до 31 декември 2015), а премиерот и министерот за финансии обзнанија нов „мега проект“  „Купи куќа за млади“. Видоа дека становите неможат да им ги продадат на младите и сега ќе им продаваат куќи. Ќар од најавеното „чудо“ ќе имале  младите до 35 години и државата. Младите ќе се вдомеле во куќи , за што државата дополнително би ги зголемила субвенциите, а пак државата ќе „заработела“ на име наталитет. Како? Премиерот не‘ информира, консултирајќи „светски студии за наталитетот“ дека, брачните парови кои живееле во куќи многу почесто се определувале за повеќе деца отколку оние што живеат во стан. Но, дали ова како што го нарече премиерот „сериозно, драматично и извонредно решение“ нема да биде уште еден надуван балон од „инфлацијата на проекти и ветувања“ што ни се нудат и допрва ќе ни се нудат како се приближуваат изборите. Власта со второто „чудо“, откако првото не се случи, и по четири години пропаганда, го зголеми износот на субвенциите за купување на куќа во вредност до 50.000 евра, од досегашните 6.500 евра на над 30.000 евра. На тој начин младите до 35 години ќе се „укотвеле“ (како што вели Пешевски) и ќе заборават на „патиштата без повраток“, сега, откако четвртина од населението ја напушти земјата. Плус, „наталитетот меѓу младите“ ќе добие на динамика, градежништвото и пратечките индустрии ќе процветаат, и нели сите, од сега па натаму, ќе живееме уште посреќно отколку досега. Едноставно, на човек да му е криво, како порано вакво нешто не и‘ текнало на владата. Но, да не се лажеме, од „авион се глед“  дека зад наменската воодушевеност на премиерот, се крие обезбедување на поддршка за власта од младите, како таргет група за претстојните избори. Целата идеја е доста провидна, сомнителна и контроверзна , со оглед на „ветувањето“ дека најновиот проект ќе  се реализира заедно со веќе постојниот, чие важање ќе се продолжи.  Па, кој е луд сега да бара субвенции според условите од проектот „Купи куќа, купи стан“ во иснос од 6-7 илјади евра, а не според новиот проект „Купи куќа за млади“ со кој се субвенционира и со над 30.000 евра? Во оваа нелогичност исплива сериозно сомневање. За кого се   вистински наменети ваквите субвенции? Може ли да се случи „државните подароци“ да им припаднат на поинформираните, кои „случајно“ досега задоцнија да аплицираат? Се заборава дека над 50% од младите се невработени, а вработените до 35 години заработуваат потпросечна месечна плата во земјата (околу 20.000 денари, октомври 2014 година). Тие и досега имаа потреба да го решат станбениот проблем (со првиот проект) но немаа материјални можности за тоа. Затоа и не е за чудење што за четири години, со помош на субвенции во износ од 4,7 милиони евра, се продадени 728 станови, а просечно еден стан е субвенциониран со околу 6.500 евра. Значи, не се продаваа просечно годишно ниту 200 станови иако предност во доделувањето имаа барателите со помали примања. Првиот проект „Купи куќа купи стан“ не’ успеа, не затоа што субвенциите беа недоволни, туку затоа што младите не се решаваат да преземаат долгорочни обврски, бидејќи незнаат дали следната година ќе го зачуваат работното место. Во Македонија е се‘ поголем бројот на кредити кои се сервисираат од страна на жирантите, отколку на кредитобарателите. Не дека сопственикот на кредитот не сака да ја враќа ратата, туку дека нема од каде, затоа што во меѓувреме го изгубил работното место, а не може да најде ново и нема како да го исплати својот долг. Тогаш зошто се оди со проектот „ Купи куќа за млади“? Јавноста веќе е бомбардирана со апроксиматините проценки според кои корисникот на кредит до 50.000 евра може, да добие субвенција и над 30.000 евра. А во случај да го избере моделот наречен „учество“ за изградба на куќа ќе добие 12.500 евра, односно 100% од учеството за кредит од 50.000 евра. Не е јасно дали е тоа вистинска намера и со така поволни услови да се привлечат младите да изградат куќи или е тоа проект со кој, проверено, нема да се потрошат поголеми средства, бидејќи ќе нема доволен интерес, поради економска немоќ на младите, посебно на оние до 35 години. Бенефитот ќе биде само чаламот на врхушката на власт во „изливот на  грижа“ кон младите. А во суштина, бенефит ќе можат да остварат само оние кои заработуваат 900 евра за поединци или 1.300 евра за брачни парови, кои сакаат да живеат во кука. А тие тоа можат да го направат и без субвенции на државата или со далеку помали од тие што ги дарува државата. Да не забораваме дека субвенциите за стан и куќа се соодветни само за оние кои објективно не се во можност да дојдат до кров над глава. Тука се превидува уште еден проблем. Како ќе реагираат оние кои своето станбено прашање го решија со првиот проект, за пет пати помали субвенции, од оние кои од фебруари наредната година ќе се впуштат во решавање на тоа прашање. И која е општествената логика и потреба и парови со 1.300 евра месечни примања да се субвенционираат со износи од над 30.000 евра? На тие што имаат 1300 евра месечни примања, субвенции не им требаат. Тие што се со 300 евра, се покажа,  не можат да помислат на купување на станови, затоа што немаат пари да ги покријат месечните трошоци за живот, а не да исплаќаат рата на  кредит и плус да одгледуваат едно, второ, трето дете . Тие чекаат и бараат чаре како најбрзо да се иселат од земјата која пет пати повеќе ги субвенционира оние што имаат пари, од оние кои немаат, затоа што ова е замја на апсурди . Сигурно не мислите дека сите овие млади луѓе кои се иселија последните години, тоа го направија од бес или поради немањето на субвенционирани стамбени кредити. Мислите дека докторите отидоа да работат во Германија затоа што имаа нерешено стамбено прашање? Мислите дека бесперспективноста се решава со тоа што ќе ги заглавите да плаќаат уште една двачка од парите што ги немаат? И дали мислите дека ако ги субвенционирате тие што имаат месечни примања од 1300 евра вие сте влада која се грижи за младите  кои,  98% од нив, овие пари ги виделе само на филмовите? Крајно време е да се престане со невиденото потценување на интелигенцијата на народот! Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?