19 Декември, 2025
0.0494

ПОВИЦИ ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА ПО ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ: Едно дете да врисне при евакуацијата, може да нè снајде трагедија како во Сеул

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2022 07:43

Добивај вести на Viber

По вчерашните дојави за бомби во неколку скопски средни училишта, а за кои повторно се утврди дека се лажни, не стивнуваат реакциите на родителите, но и на самите професори за тоа колку ваквите настани може да предизвикаат вистинска трагедија. Велат кој и да се шегува, си игра со оган. Дел од нив веќе апелираат наставата да почне да се одвива онлајн додека не се смири ситуацијата.

-Не може секоја недела да стрепиме дали ќе има дојави за бомби. Минатата недела три дена по ред ги евакуираа училиштата. Стотици деца по скали треба да се симнат мирно. Дали некој е свесен што може да се случи во даден момент. Доволно е едно дете да врисне, да се сопне, да се вознемири, да се расплаче...Стампедо може да искрсне за неколку секунди, а видовме само пред неколку дена каква трагедија се случи во Сеул. Или нека ги најдат конечно оние што ги испраќаат мејловите за поставени бомби или нека донесат одлука наставата да почне да се одвива онлајн. Знаеме каков квалитет носи таквиот начин на настава, но во моментов безбедноста треба да е на прво место. Свесни сме дека станува збор за лажни дојави на бомби, но тоа не ја прави ситуацијата помалку опасна. Навистина некој си игра со оган, вознемирено вели Славица Р., мајка на средношколец во гимназијата Јосип Броз Тито.

Истовремено професорите посочуваат дека воопшто не е едноставно на сред час да им се соопшти на учениците дека треба да ги напуштат мирно просториите. Колку и да се внимава, состојбата за момент може да излезе од контрола.

-Станува збор за тинејџери, за деца кои се уште се во пубертет. Сакаат да се шегуваат. Некои се поенергични. Колку и да внимаваме и да смируваме во таквите моменти, за час може да изгубиме секаква контрола. Па и ние возрасните се вознемируваме. Освен што се губат часови, и целиот квалитет на образованието некако отиде во неповрат, сега уште треба да се справуваме со вакви опасни ситуации. Јас не знам кому оди во прилог секојдневно да имаме дојави за бомби. Која е причината за сето ова, што сакаат да постигнат?, прашува во изјавата за Фактор професорка во гимназија во Скопје, во која четврти пат стигна дојава за подметната бомба.

Инаку, по минатонеделните закани за поставени експлозивни направи во повеќе средни училишта во Скопје, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека интензивно се истражува случајот и дека истрагата утврдила дека мејловите кои пристигнуваат во училиштата се испратени од странство.

Во текот на вчерашниот ден пак, беше приведено едно лице, извесен Никола Николовски, кој беше осомничен дека ги испраќал мејловите до училиштата, но потоа беше ослободен.

Праќачите на заканите за бомбашки напади манипулативно го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во меиллвите со заканите за бомбашки напади, што за полицијата било доволно спектакуларно да го приведи младиот скопјанец и да го вознемирува неговото семејство. Откако повеќе од десет часа Николоски бил задржан во полиција, бил извршен и претрес во неговиот дом, по што тој е ослободен од понатамошно гонење од МВР.

На инстаграм Наумовски бил познат под псевдонимот „Боемот“.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило