19 Декември, 2025
0.0370

Повик до новинари за учество на обуки и дискусии за известување за евроинтегративниот процес

Објавено во: Мои пари 01 Ноември, 2022 17:43

Добивај вести на Viber

„People 2 People“ и Епи Центар Интернационал во рамките на активностите на проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, финансисиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка СИДА, а имплементиран од Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги УНОПС, ги повикува сите новинари од локалните, регионалните и националните медиуми да се пријават за интерактивни обуки и дискусии за процесот за пристапување во ЕУ.     

– Општата цел на овие обуки и интерактивни дискусии е да се запознаеме, дознаеме и споделиме искуства за важноста на евроинтегративниот процес и улогата на медиумите, институциите в Северна Македонија и ЕУ. Исто така, важно е да дискутираме за можните начини на известување како би можеле да ја информираме јавноста поквалитетно и поефикасно за разните аспекти од процесот на ЕУ интеграција, за новостите, моменталните достигнувања, но и предизвиците за понатамошното приближување кон членството во ЕУ, објави Секретаријатот за европски прашања (СЕП). Знаењето на новинарите како и квалитетот на нивното известување, додаваат, ќе се унапреди преку преставување на клучни алатки и техники. 

– Со запознавањето со основните принципи на писменот на податоци (data literacy) и современите начини на нивно претставување, како и увидот во праксата која ја користат колегите новинари од регионот, новинарите ќе развијат вештини неопходни за поширок аналитички пристап за известување на различни теми. 

Воедно, многу е важна и напредната комуникација меѓу самите новинари од различни региони во државата, како и размена на искуства и унапредување на соработката со релевантни и надлежни институции, а пред сѐ со  со Секретаријатот за европски прашања (СЕП), објави СЕП.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза