Повлечени златни пластични вилушки од Џамбо
Објавено во: Македонија 11 Мај, 2018 19:50
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите за отповикување на небезбеден производ „златни пластични вилушки“ произведени во Кина, со лот бр. AZ-161224.
Информацијата за небезбедниот производ е добиена преку системот РАСФФ на ЕУ.
„Производот е небезбеден заради наод на високо ниво на вкупна миграција. Веднаш по добиеното известување, надлежен Државен инспектор за храна изврши вонредна инспекциска контрола кај увозникот и согласно презентираната документација за следливост констатирано е дека производот не е најден во промет. Сите потрошувачи кои што го купиле небезбедниот производ може да го вратат на местото каде што го купиле“- велат од АХВ.
Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на АХВhttp://fva.gov.mk
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




