Повозрасен арачиновец со пиштол ја ранил сопругата
Објавено во: Македонија 28 Август, 2022
Арачиновец пукал во својата сопруга, по што е приведен,
Во селото Арачиново вчера полицијата го приведе С.С.(68) откако тој самиот во полициска станица во 13.40 часот пријавил дека во сопствениот дом во селото, испукал куршум од пиштол „Црвена Застава“ кал.7.65мм кон неговата сопруга З.С.(59).
З.С. е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.